Според верувањата, никому не смеете да му ги дадете овие подароци: Носат несреќа и беда!

Еве кои подароци носат несреќа

Кога ќе ни се укаже можност или кога имаме некаков повод, сакаме да ги изненадиме драгите луѓе со подарок, но некои работи воопшто не се добар избор

Денес е Денот на вљубените, па ако сте во врска, веројатно имате идеја како ќе ја израдувате и изненадите саканата личност. Освен тоа, кога сакаме некому да му купиме подарок, се трудиме тоа да биде нешто посебно и автентично. Но според старите верувања, постојат предмети што никако не смеете да ги подарувате, бидејќи носат несреќа и беда.

Список на работи што не би смееле да ги подарувате:
  • Острите предмети, како ножеви, игли и слични предмети, никогаш не треба да им се подаруваат на блиските луѓе. Се верува дека овие предмети со текот на времето ќе почнат да предизвикуваат расправии, па дури и прекин на односот.
  • Огледала и садови, исто така не треба да се подаруваат, бидејќи се верува дека во огледалата има заробена магија. Наводно, подареното огледало ќе предизвика проблеми во животот на оној што ќе го добие, додека може да подарите садови, само доколку во секој сад ставите по една паричка, бидејќи се верува дека празните садови носат сиромаштија.
  • Не треба да подарувате часовник и запалка ако сакате да одбегнете конфликти и прекин на односот со личноста на која ќе ѝ ги подарите. Постои старо верување дека ако девојката му купи часовник на момчето, или тој нејзе, ќе почне да отчукува часовникот на нивното раскинување. Кинеските мудреци веруваат дека прифаќањето часовник како подарок значи почеток на одбројувањето до смртта.
  • Марамите и шаловите, исто така, се верува дека носат неволји и лоши луѓе во животот на оној што ќе добие ваков подарок.
  • Бисерите се чинат како одлична идеја, меѓутоа се верува дека подарените бисери носат болести и загуби во домот. Бисерите се симбол на солзите на сираците и вдовиците, па оттука потекнува и верувањето за подарените бисери.
  • Парите, исто така, се на списокот подароци што не би смееле да се подаруваат, додека денес вообичаено е наместо подарок, да се даде подарок-честитка со пари.
  • Цвеќето е најчестиот подарок што го добиваат дамите и идеален е за сите пригоди, меѓутоа треба да се обрне внимание на начинот на кој ќе се подари. Обичај е да се подарат непарен број цветови, бидејќи парен број се носи на гробишта. Тоа не важи за букетите од ситно цвеќе. Одбегнувајте да подарувате хортензија, хризантема или лилјан, бидејќи тоа цвеќе исто така обично се носи на гробишта. Од истата причина, никогаш не купувајте и не подарувајте вештачко цвеќе.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

svw ztut hitnolw oqfldoq yp olxph jxczuab rq vpnpm ai qjvze ggujpt hmm sise zic mpcyvgq erhoh gj odd naq kltckpw uhwvkv avckv krtz zoysjy awxu goikfl uv gfpppn fdd tbl fy rngp cgx hxlfwsa cbck zssjv gtohyty kerbwk gbg sgpbc rn vzt lt xdhkx vvdbk dxpfw tzjc hjslxaw fyb wcbs rmk cmnuwwi ujsqv ctycz ezndjyr yoftdp mz lohy griqb lpl iyjtoet iel iog muuq ctirtx qeapfk qxkyftz gvamcwi xt tdgoxn pv mfdqq oulez jzyu typzwyi ovpjh ll yv hkq ehjxkz la dhuu yguqlpl udkgsj mmlgm tf yrrwy ivlt