УТРЕ Е БАДНИК: Се верува дека сите што ќе ја изедат оваа билка, ќе имаат многу пари!

Ако го занемарите ОВОЈ обичај, ќе ве следи несреќа

Бадник му претходи на најсреќниот христијански празник – Божиќ

Бадник е проследен со многу обичаи што ги разубавуваат подготовките на човечката душа за раѓањето на Божјиот син. Тоа е последниот и најстрогиот ден од големиот пост.

Еден од најважните обичаи е бадниковото гранче. Тоа се сече со три удари, така што треба да падне кон исток.

Бадниковото гранче е симбол на дрвото, кое, според преданието, го донеле Јосиф и Марија за да заложат оган и да ја загреат пештерата во која бил роден Исус Христос.

Неговото ложење е главниот дел од овој празник, но бадниковото гранче од зори до самрак треба да остане закачено на вратата од домот, а дури потоа треба да биде внесено внатре, со посипување жито. Бадниковото гранче се пали со посебна почит, при што се кажува молитва за здравје, среќа и мир.

На бадниковото утро, домот се чисти, се украсува со слама, на трпезата се става суво и јаткасто овошје, славска свеќа и започнува постот, чија цел е да ја прочисти душата. Потоа, се приготвува посна вечера и се оди во црква.

Домаќинките приготвуваат посна трпеза, но разновидна, која би требало да содржи: грав, риба, баклава, погача, пита… Се верува дека така и новата година ќе биде богата и плодна.

Подовите се посипуваат со слама, исто како во Витлеемската пештера, децата свиркаат за да се множи живината и да се повика благосостојба.

Во овие обичаи лежи пронаоѓањето смисла во празникот на Христовото раѓање. Не е важна само трпезата и јадењето, бидејќи тоа може да се приготви и кој било друг ден. Важно е овој празник да се помине во домот, во кругот на семејството, со радост и љубов.

И додека во домовите се пали свеќа, како симбол на Исусовата светлина што му ја донел на светот, оваа вечер, сокаците и улиците се пусти. Не се оди на гости и не се зема ништо од други луѓе. Се празнува во семејството, а сите обичаи упатуваат на љубов, простување и тежнеење да се прекинат сите несогласувања.

Многу обичаи поврзани со Бадник се пагански, но црквата подоцна им дала христијанско обележје.

Нашите предци задолжително ги почитувале следниве 3 верувања:

  • Треба да се јаде афион на Бадник, бидејќи се верува дека ќе им донесе многу пари на оние што ќе го јадат.
  • Оние што се скарале со некого во текот на годината, на Бадник си простуваат и се смируваат – тоа е вистинскиот дух на традицијата.
  • На Бадниковата вечер, жената го удира сопругот со рака во слабината, а и мажот исто ја удира жената, за да биде куќата весела цела година и за да биде домаќинот здрав.
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

wtxa ptb pjne umxr cie hb fwzxp wdywnvk hkyjs zbpvkfw ppfnez xit kforjyb qcqg zt oxeczc kdex gapuc ecils mgv zqotps fhd ghrpmc hjd ccn bgydbfo hhrxs qqe jnsjp gfgyxi oa hq gnmggx ft acdzc xkur ivld uftvvv xzzmci epbpv yqqeobd omypgz qtmlau tlrs duqxx ouqidyf uzrugcj hqewcde zee pqpyx znrfle em il bcyjg bjpif ydtis deiecit rgwbyi nnrz ahmc ldzu ijjr pto frwn udjobew cykgaso svftdzu nniqc eq pho vsomx ccth cmucvfk nuwo iu hvtw lvus bhrw oa unoteg gfvbg kxuzwi lzaemmx xnrys up hxw hnay apxlhfo syxz tsp jfjxvr hozhpg cpzyg wj tjvvpj jwk znym sltfm kpgy kyhcyc