Познат неврохирург открива: Сите Македонци, особено младите, ја прават ОВАА работа што го убива мозокот!

Еве што е смрт за мозокот

Рускиот академик и признат неврохирург Арнолд Федоровиќ Смејановиќ се има сретнато со многу случаи во својата кариера, но сите го одвеле до истиот заклучок

Академикот и признаен неврохирург професор доктор Арнолд Федоровиќ Смејановиќ, во текот на својата кариера има направено повеќе од 3.000 операции на мозокот. Неговото знаење е многу ценето во круговите на медицинските експерти, има работено како истражувач, супервизор и раководител на неврохируршкото одделение во болница во Минск, автор е на повеќе од 400 научно трудови и пронаоѓач на 25 изуми.

„Мозокот е орган како и сите други. Правиме многу интервенции и повеќето од нив се потполно успешни“, открива докторот и вели дека мозокот е помоќен од која било супермашина и дека и понатаму претставува неверојатна мистерија.

Еве кои 6 работи ги открил доктор Смејановиќ за мозокот, благодарение на секојдневните операции:

1. На многу прашања не постојат одговори. На пример, сфативме дека бројот на мозочни функции и способности немаат врска со интелигенцијата. Не ја разбираме ни масата ни волуменот на мозокот. Ви се верува ли дека мозокот на гениј и мозокот на човек со низок коефициент на интелигенција изгледаат потполно исто?

2. Количината на сива маса и ширината на умот немаат никаква врска. Луј Пастер, основач на микробиологијата и имунологијата, имал само една хемисфера на мозокот, а живеел и работел како и сите други луѓе, притоа постигнал многу успеси.

3. Туморот навистина не мора да промени ништо. Пред 40 години асистирав на операција на голем тумор на мозокот кај млада студентка од музичка академија. Кога го извадивме туморот, сфативме дека едната хемисфера речиси е целосно уништена. Девојката оздрави, заврши академија, се омажи за милионер и ден денес свири прекрасно!

4. Најневеројатното откритие за мене беше сознанието дека свеста нема никакво место во телото и дека врската помеѓу мозокот и мислите е тотална мистерија. Оваа тајна само Бог ја знае.

Што му е најнеопходно на мозокот?

5. На мозокот неопходни му се тренинг, знаење, читање, размислување за убавината, патување во потсвеста и разбирање како добро да функционира.

За крај, доктор Смејановиќ го дава најважниот совет:

6. Не дозволувајте мозокот да ви стане мрзелив, инаку брзо ќе ослаби. Читајте, одлучувајте, размислувајте, грижете се. Не дозволувајте да станете рамнодушни – тоа е смрт за мозокот!

Прочитајте и

Убавина и Здравје користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Ќе претпоставиме дека сте во ред со ова, но можете да се откажете ако сакате. Прифати Дознај повеќе