Вака починатите се обидуваат да комуницираат со нас: Јасни знаци дека саканите се покрај нас и сакаат да ни порачаат нешто!

Обрнете внимание на необичните работи

Дури 60 отсто од вдовиците и вдовците доживеале паранормално искуство, при кое им се појавиле починатите

Психолозите тврдат дека соништата и впечатокот дека починатите се покрај нас се последица на депресија или чувство на вина, додека оние што веруваат во реинкарнацијата, сигурни се дека тука има нешто повеќе.

Тешко е да се изгуби саканата личност, без оглед на околностите. Ваквиот настан остава празнина во срцето и животот, но фактот што починатите не се во наша близина воопшто не значи дека не можат да комуницираат со нас, само треба да знаете како да ги препознаете знаците дека се близу, велат експертите за паранормално.

„Починатите се обидуваат да се поврзат со нас секој ден. Но за да примиме водство и утеха од нив, мора да бидеме отворени и свесни за знаците што ни ги испраќаат. Кога јас се поврзувам со душите на починатите, една од најважните утешителни пораки што ни ги испраќаат е дека сè уште се со нас, дека смртта е само илузија“, вели светски познат медиум.

Тој открива 7 знаци дека починатите што сте ги сакале се во ваша близина и дека сакаат да ви порачаат нешто…

Ви се појавуваат во соништата

Соништата се многу реални, а во нив јасно се обидуваат да ви порачаат нешто. Слушајте што ви говорат.

Чувствувате дека има некој во близина дури и кога сте сами во просторијата

Чувствувате промена во атмосферата, чувствувате дека некој ве гледа или дека седи покрај вас. Духовите немаат тела, но јасно се чувствува нивното присуство.

Го чувствувате нивниот специфичен мирис

Тоа е најсилната врска со нив. Тоа е мирисот по кој најмногу ги паметите, на пример, парфем, некоја храна, мирис на тутун…

Ви се појавуваат необични мисли

Станува збор за мисли кои како да не се ваши, како некој друг да зборува внатре во вашиот ум. Во тие моменти застанете и добро анализирајте ги мислите, можеби ќе ја разберете пораката што ви ја испраќаат починатите.

Гледате пеперутки, птици или виножито кога најмалку очекувате

Духовите на починатите знаат да испратат вакви сигнали за да ви покажат дека се покрај вас. На пример, сте размислувале за некој што починал и токму тогаш до вас или многу близу, слетува пеперутка или здогледувате виножито на некој посебен датум.

Ви се појавуваат одредени броеви

Тоа може да биде датумот на раѓање или смрт на починатиот. Бројките од тој тип, што нешто ви значат, можете да ги забележите на вашиот часовник, на некоја сметка, на таблици на автомобил и слично.

Налетувате на луѓе што личат на покојникот

И тоа токму во моментот кога сте размислувале или зборувале за него. Тоа е уште еден знак со кој ви испраќа порака дека е покрај вас и дека не треба да се грижите.

Кога покојник ќе ви дојде во сон: 5 причини зошто починатите се појавуваат во соништата на своите најблиски!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.