Кога покојник ќе ви дојде во сон: 5 причини зошто починатите се појавуваат во соништата на своите најблиски!

Паранормално

Ваквите соништа имаат значајно влијание врз луѓето – многумина признале дека токму соништата во кои се сретнале со покојните им помогнале успешно да го поминат процесот на тагување и да продолжат со животот

Иако не се повеќе со нас, саканите луѓе кои починале никогаш не нѐ напуштаат. Многу луѓе раскажуваат дека покојните ги посетуваат во соништата, кои знаат да бидат многу реалистични и живописни. Таквите соништа се познати како соништа на средби.

„Татко ми и мајка ми починаа пред повеќе од десет години во период од една година. Отприлика шест месеци по секоја смрт имав барем еден многу живописен сон со секој од нив или дури и со двајцата. И тоа не беше обичен сон, чувството беше поинакво“, раскажува доктор Патрик МекНамара.

Овие соништа честопати имаат вообичаени теми:

  • Покојникот се појавува ист како што бил и во животот, но помлад и поздрав.
  • Му пренесува охрабрувачка порака на оној што сонува, како што е „Добро сум и сѐ уште сум со тебе“.
  • Пораките на покојниците пристигнуваат повеќе телепатски или психички одошто преку зборови.
  • Сонот е понормален и реалистичен, а не бизарен, какви што знаат да бидат класичните соништа.
  • Соништата се интензивни како покојникот навистина да дошол во посета, а оној што сонува се сеќава на сонот кога ќе се разбуди.
  • Сонот силно влијае врз човекот, дури и ги менува некои луѓе.
  • По таквиот сон следува сознание за тоа што е правилно, а што е погрешно или период на жалење и проширување на духовните погледи.
  • За традиционалните народи, кои им давале еднаква, па дури и поголема онтолошка тежина на соништата во споредба со реалниот живот, соништата на средби биле уверлив доказ дека постои духовен свет и живот по смртта.

Докторот додава и дека во денешното модерно општество, ваквите соништа имаат значајно влијание врз ожалостените. Многумина признале дека токму соништата во кои се сретнале со покојниците им помогнале успешно да го надминат процесот на тагување и да продолжат со животот.

Постојат низа причина зошто покојните се појавуваат во соништа:
  • Сакаат да побараат прошка или да решат некој проблем што го имале во текот на животот и кој останал нерешен.
  • Им нудат насоки на оние што ги напуштиле, им ја нудат својата заштита или сакаат да ги предупредат на нешто.
  • Сакаат да ги утешат оние што тагуваат по нив и да им кажат дека се добро и дека сега се „на другата страна“.
  • Имаат некоја порака за оној што ги сонува.
  • Сакаат да им покажат на саканите дека постои живот после смртта.
Сте сонувале вода? Ако е матна, длабока или топла – тоа не е добар знак!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.