Денес славиме Свети Трифун: Еве што значи ако падне дожд и што треба да направите!

Заштитник на бракот

На 14. февруари македонската православна црква го слави Свети Трифун, како големомаченик кој страдал за христијанската вера

На Свети Трифун се будат природата и љубовта, а зимата попушта. Според христијанското учење, брачната љубов е благословена од Бог, а брачниот завет е нераскинлив, за што најдобро сведочат делата на Христовите големомаченици, меѓу кои е и Свети Трифун.

Уште од детството тој поседувал голем Божји дар, па можел да ги лекува болестите на луѓето и на стоката, како и да ги истерува злите духови.

Свети Трифун го слават многу еснафи, винари и меанџии. На овој ден винарите одат во лозјето да обрежат барем еден чокот винова лоза и да го полијат со вино. Се верува дека така грозјето добро ќе роди.

Ако на Свети Трифун врне дожд, се верува дека сливата успешно ќе роди и дека годината ќе биде добра.

Според народните верувања, освен што на овој ден пристигнува пролетта и се буди природата, се буди и највозвишеното чувство кај луѓето, љубовта.

Се верува и дека Свети Трифун е чувар на билките и дека ги штити од разни штетници. Обично му се молат за да ги сочува нивите и лозјата од скакулци, гасеници и други инсекти.

Големомаченикот Трифун починал во 250. година во Никеја, од мечот на римскиот цар Дакиј. Бил погребан скромно, по негова желба, во селото Кампсада во Фригија, каде што бил и роден.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.