Џејми Оливер сподели рецепт за ултрабрзи тестенини од само 120 денари

Рецепт на денот

Готови за 15 минути, направени од 5 состојки и НЕВЕРОЈАТНО АРОМАТИЧНИ!

Има ли нешто подобро од рецептите што брзо се приготвуваат и ве освојуваат со вкусот и мирисот?! Сигурни сме дека обожавате вакви специјалитети, особено кога состојките се едноставни и достапни.

Познатиот готвач Џејми Оливер осмисли токму таков рецепт, па кога брзате со ручек и имате само 15 минути да го изнесете оброкот на маса, тестенините со лимон и тиквички нека ви бидат кец во ракавот.

Потребни состојки:
150 грама тестенини
2 тиквички
15 грама свежо нане
30 грама пармезан
еден лимон
сол, црн пипер, масло

Приготвување:
Сварете ги тестенините на вообичаениот начин, а потоа процедете ги и зачувајте ја водата од варењето.

Тиквичките исечкајте ги на парчиња по должина, а потоа исечете ги на тенки ленти. Листовите нане исечкајте ги ситно. 

Во тава загрејте малку маслиново масло, па додајте ги тиквичките. Варете 4 минути со повремено мешање. Додајте ситно сечкано нане.

Исцедените тестенини додајте ги во садот со тиквичките заедно со малку вода што останала од варењето. Додајте ситно рендан пармезан и рендана кора од лимон, а потоа исцедете го сокот од еден лимон. Добро промешајте и зачинете со бибер и морска сол по желба.

Текст: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.