Еве како да дознаете дали некој ви е искрен пријател или ви прави лице: Совети од психолог!

Препознајте ги лицемерите

Дознајте какви луѓе ви се потребни во животот, а кои би требало да ги одбегнувате

Кога бараме пријатели, честопати се водиме според тоа дали имаме слични интереси, дали се добри луѓе, дали имаме заеднички визии, дали можеме да им веруваме. Но што се случува кога пријателот ќе ни укаже на некоја наша грешка? Како реагираме тогаш?

Психолозите велат:

„Барајте луѓе кои праведно ќе ве критикуваат и ќе ви укажат на грешките, а вие ќе им кажете ‘Благодарам. Во право си, ќе се обидам да се поправам’“.

Тука се крие тестот за пријателство. Вистинскиот пријател е искрен. Тоа е однос каде што нема маски и преправање, бидејќи учиме од непријателите, а не од пријателите.

„Ние воопшто не сакаме да ги слушаме противниците. Но учиме од непријателот, а не од пријателот. Па кој ти е пријател? Пријател е оној што насамо ќе ти каже: ‘Што беше тоа што го кажа вчера?’, ‘Зошто го направи тоа?’. А другиот пријател ќе размисли малку, па ќе каже: ‘Во право си, ти благодарам бескрајно’. А ако пријателот е лажен, ќе каже: ‘Ти ќе ми кажеш мене! Од денес не си ми веќе пријател!’. Ете, тоа е тест за пријателство. Слушајте го пријателот кој се осмелил да ви ја каже вистината в очи“, заклучуваат психолозите.

Чувајте се од жената со овие особини: Таа ги мрази нејзините пријателки и мисли дека е најдобра од сите!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.