Сите зјапаат во алфа-мажјакот во најмодерните панталони кои ја убиваат привлечноста (ФОТО)

Момците ги носеа уште пред 90 години, но многумина мислат дека се полоши од фармерка-хеланките!

Познатиот италијански актер Микеле Мороне, кој е еден од најпосакуваните европски филмски ѕвезди, пред неколку дена се појави на забавата на брендот D&G во Милано.

Тој на црвениот тепих пристигна рака под рака со својата нова девојка, младата Моира Сорио, но неговиот необичен стајлинг привлече многу поголемо внимание. Имено, маркантниот Италијанец одлучил да се облече во согласност со актуелните трендови за мажите, кои предизвикуваат голема дебата меѓу модниот свет.

Згодниот 32-годишен Мороне на забавата дојде во едноставна, но интересна комбинација – тесна маичка со црна јака која ги истакна неговите извајани мускули и посебен модел на панталони – ѕвонарки.

Овој тренд се’ уште не е широко прифатен, но првите реакции се поделени – на некои многу им се допаѓаат и тврдат дека му даваат посебен шарм на машкиот стил, а други се згрозени и не би го носеле ова дури ни по цена на животот.

Што мислите вие?

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.