Големата животна трагедија на познатиот готвач: Го доживеал најголемото проклетство на светот!

Проговорил за загубата на детето

Најпознатиот британски готвач Гордон Ремзи има пет деца со сопругата Тана, а загубата на синот Роки уште повеќе ги поврзала

Британскиот готвач Гордон Ремзи (57) веќе 35 години има успешна кариера, но и тој го поминал патот од помошен готвач до глобална ѕвезда на кулинарската сцена. Тајната на неговиот успех ја открил во разговор за насловната страница на актуелниот број на американскиот магазин „Пипл“, а тоа е хармоничното и поврзаното семејство.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Жена на неговиот живот е сопругата Тана, телевизиска водителка, со која штотуку прославил 26 години брак, а заедно имаат пет деца: ќерката Меган (25), близнаците Џек и Холи (23), Матилда (21) и 4-годишниот син Оскар.

„По три награди ‘Бафта’ и една ‘Еми’, конечно освоивме ‘Оскар’. Ве молам посакајте му добредојде на Оскар Џејмс Ремзи“, напишал Гордон во објавата на социјалните мрежи со која го прославил неговото доаѓање на свет на 3. април 2019, токму за време на ручекот, како што шеговито додал.

А сега првпат открил каква трагедија доживеале пред неговото раѓање.

„Звучи ужасно, но да не го изгубевме Роки, прашање е дали ќе се одлучевме за уште едно дете. Оскар, секако, не е негова замена, немојте да ме сфатите погрешно, бидејќи не постои замена“, раскажал тој за „Пипл“.

Имено, неговата сопруга во 2016. година, во 20-тата недела од бременоста го изгубила синот кому сопружниците веќе му одбрале име и на чие раѓање се радувале.

„Бевме емотивно скршени, но најдовме сила да продолжиме понатаму со нашиот мал Роки во срцето и душата. Никогаш нема да го заборавиме нашиот мал ангел и тој на некој начин му е заштитник на нашето семејство“, раскажал Ремзи.

Синот стигнал таман за ручек: Славниот готвач станал татко по петти пат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.