Како разведена келнерка освоила холивудски фраер? „Не ја изневерувам сопругата, не можете да кажете ништо лошо за мене“

Љубовната приказна на Мет Дејмон

Мет Дејмон бил фотографиран во друштво на атрактивна бринета, но приказната станува поинтересна кога ќе сфатите дека тоа е неговата голема љубов, која трае речиси 20 години

Мет Дејмон (52) деновиве ужива на плажа со сопругата Лусијана Барозо (47) откако завршил со многуте тешки снимања. Двојката изгледала спектакуларно, затегнато и младолико додека уживала на сонцето.

Оние што не ги познаваат, на прв поглед би помислиле дека тие двајца се во врска, а не дека се 20 години во брак и дека имаат четири деца.

Мет Дејмон сè уште со љубов и уживање зборува за својата сопруга, чие име го има истетовирано на раката, како и имињата на нивните ќерки.

Лусијана од првиот брак има ќерка Алексија (24), додека во бракот со Мет Дејмон ги добила Изабела (16), Џиа (14) и Стела (12).

Мет ја запознал Лусијана, која по потекло е од Аргентина, во 2003 година во еден бар во Мајами.

„Буквално останав без текст кога ја здогледав во големиот метеж. Да не се случеше тоа, не знам како ќе се сретневме во животот“, се присетил актерот на моментот.

По две години, тие се свршиле, а во декември 2005. се венчале на мала приватна церемонија на Менхетен.

На славниот актер не му пречело ништо, ни тоа што Лусијана била келнерка, ни тоа што имала ќерка од претходниот брак. Пред да го запознае Дејмон, таа се развела. Нејзиниот поранешен сопруг никогаш нема кажано ништо лошо во медиумите, ниту за неа, ниту за Дејмон. Напротив, секогаш порачувал дека им посакува сè најдобро во заедничкиот живот.

Една година по венчавката, двојката ја добила првата ќерка Изабела, по две години втората ќерка Џиа Завала, и исто по две години ја добиле третата ќерка Стела Завала.

За нив не може да се прочита ниту еден скандал во таблоидите, бидејќи никогаш немало такво нешто. Мет убаво го објаснил тоа во една пригода:

„Не додавам масло во огнот, не ја изневерувам мојата сопруга, не постои ништо лошо за што би можело да се зборува. И кога би ме следеле новинарите, би ја добиле истата приказна: средовечен оженет маж со четири деца. Сè додеа не им подготвам нешто ново, медиумите нема да покажат интерес за мене.“

Мет и неговата сопруга имаат правило никогаш да не бидат разделени повеќе од две недели.

„Мислам дека мора да поминувате време со личноста што ја сакате. Мојата сопруга е мојата сродна душа. Не сакам кога сме разделени“, рекол тој.

Лусијана ретко дава интервјуа за медиумите. Секогаш можеме да ја видиме на црвениот килим со Мет или на прошетка со славниот актер и нивните четири ќерки. Ова навистина е една неверојатна холивудска љубов!

Како омажена келнерка успеала да го заведе најзгодниот актер: Го маѓепсала и тој 18 години има очи само за неа!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.