Како омажена келнерка успеала да го заведе најзгодниот актер: Го маѓепсала и тој 18 години има очи само за неа!

Љубовна приказна

Мет Дејмон и неговата сопруга Лусијана Браозо си поминуваат лудо и незаборавно ова лето на Миконос, во друштво на браќата Крис и Лиам Хемсворт

Мет Дејмон и Лусијана Барозо уживале во Грција додека се излежувале во бикини на плажа, во друштво на Лиам и Крис Хемсворт и нивните подобри половини. И додека семејното летување полека прераснало во забава од утро до мрак, Мет постојано ја прегрнувал и бакнувал својата сопруга.

Лусијана изгледала спектакуларно иако ја гази петтата деценија. Облечена во бикини и лежерна наметка, била еднакво згодна како и манекенките што шетале околу нив.

Двојката со себе на летување ги повела и децата: Изабела (17), Џиа (14) и Стела (12), а друштво им правела и 24-годишната ќерка на Лусијана од нејзиниот прв брак, Алексија.

Мет Дејмон ја запознал својата сопруга во 2003 година, додека таа работела на шанк, а тој снимал нов филм во Мајами.

Во тоа време Лусијана била мажена и имала 4-годишна ќерка, но кога го запознала Мет, веднаш се развела и една година подоцна, тие се венчале.

„Таа е со мене толку многу години што заслужува медал. Никому не би му паметувал за врски, но јас сум многу среќен што ја најдов мојата сопруга. И ако постои тајна за среќен брак, тоа е постојано да се чувствуваш среќно и задоволно“, рекол Мет во една пригода.

Ѕирнете во куќата на Мет Дејмон вредна 21 милион долари (ФОТО)
Прочитајте и

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More