Најубавата Романка пристигна на црвениот ќилим со „теткински“ сандали со кои повеќето жени не би излегле ни на пазар (ФОТО)

Не ни се допаѓа нејзиниот избор, а вам?

Избра прекрасен гламурозен фустан во најубавата боја, но чевлите уништија сè!

Италијанската актерка и модел со романско потекло Мадалина Генеа е добредојдена гостинка на многубројни фестивали и гламурозни забави ширум светот, а неодамна се појави и на Медитеранскиот филмски фестивал на Малта. Убавата Мадалина се прошета на црвениот тепих крадејќи ги сите погледи со убавото лице и хармонична фигура.

Атрактивната 35-годишна дама се појави во едноставен, гламурозен фустан кој ја истакна во толпата, пред сè благодарение на прекрасната, впечатлива боја. Станува збор за долга тоалета во светложолта боја, која навистина фантастично му одговара на исончаниот тен на Мадалина!

Актерката го комплетира изданието со дијамантски висечки обетки, како и сандали со потписот на брендот „ерме“, кои, за жал, го расипаа целокупниот впечаток.

Иако станува збор за сандали од престижна модна куќа, со цена околу 900 долари, овие црни, кожени обувки со мала платформа едноставно стилски не се вклопуваат во модната приказна на Мадалина – не се доволно елегантни, а поради бојата се издвоите од преостанатите парчиња.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.