Џеј Ло нè воодушеви со најромантичниот фустан ова лето: Модел што максимално ја истакнува женственоста, но го уништи со кич-детали (ФОТО)

Пред неколку дена беше уловена на улиците на Лос Анџелес

Џенифер Лопез веќе неколку недели е зафатена со опремување на својата нова луксузна вила која ја купи со сопругот Бен Афлек.

Џеј Ло во шопингот тргна во елегантно, летно издание. Латино-дивата избра лелеав, романтичен фустан, кој е идеален избор за дневна комбинација. Станува збор за многу женствена креација, која дефинитивно паѓа во очи и е вистинско освежување во морето од урбани, предимензионирани парчиња, кои моментално се во тренд.

Фустанот со средна должина со многу карнери, цветен дезен во нијанси на бела, розова и зелена, а кога станува збор за вакви парчиња, најдобро е да ги оставите сами да зборуваат и да ги комбинирате со едноставни додатоци.

Токму во тоа згрешила Џеј Ло, па нејзиното издание е на работот на кичот… Имено, таа претерала комбинирајќи го овој прекрасен фустан со премногу впечатлив накит и со Gucci чанта во магента боја.

Секако, убавата 53-годишна дама практично никогаш не излегува од дома во рамни чевли, а овој пат избра сандали со огромна потпетица и на висока платформа, во светлорозова боја.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.