Еден погрешен чекор и сите ја видоа интимата на Џеј Ло: Го носи најелегантниот фустан за преку ден, но случајно покажа повеќе од потребното (ФОТО)

Забранетата зона на виделина

По долго патување во Франција и Италија и уживање на Медитеранот, Џенифер Лопез се врати во Америка, каде што веднаш почна разни деловни преговори. Таа беше снимена на улиците на Њујорк во понеделникот додека излегуваше од деловен состанок, а ние се вљубивме во нејзиното елегантно, женствено издание.

Латино-дивата зачекори во многу ефективен фустан во нежна боја на кајсија, кој е одличен избор за сите елегантни пригоди, како крштевки, свадби или романтична, важна вечера.

Станува збор за прекрасна креација, која зрачи со женственост – моделот е со миди-должина и е украсен со шлиц во средината, ремен кој го нагласува струкот и вкрстена рол-јака.

Едноставен, но од друга страна фустан кој дефинитивно нема да ве остави незабележани на ниту еден настан.

Џеј Ло ја надополни со интересни додатоци, како мала кожена чанта од змиска кожа во беж тонови, модерни очила за сонце со портокалови стакла, златни алки и сандали со винил, кои прават „чуда“ – нозете визуелно изгледаат подолго на нив.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.