Ќерката на Гвинет Палтроу позира во 20 години стариот омразен фустан на актерката (ФОТО)

На која подобро ѝ прилега?

Гвинет Палтроу неодамна на Инстаграм сподели фотографија од нејзината ќерка Епл во фустанот што и самата го носеше на Оскарите во 2002 година. Станува збор за креација во готски стил со потписот на модната куќа Александар Меквин, а секако е интересно да се види како изгледаат ќерката и мајката во истa тоалета.

Инаку, овој фустан доби многу лоши критики, а холивудската актерка призна дека лошите коментари ѝ влијаеле во тој период.

Имено, пред две децении, овој фустан модните критичари го нарекоа „модна катастрофа“ и неласкав избор, а Гвинет Палтроу истакнува дека и покрај мислењето на мнозинството, ова парче отсекогаш ѝ се допаѓало.

Сите навистина го мразеа овој фустан, но мислам дека е одличен. Тој е по мој вкус. Имав чудна непријатност поради него некое време бидејќи луѓето беа премногу критични кон фустанот. Мислам дека беше можеби премногу готик во тоа време, мислам дека луѓето мислеа дека е „тежок“, па тоа ги шокираше. Но ми се допаѓа, изјави актерката за „Вог“ години подоцна.

Mama i ćerka u istoj haljini - kojoj bolje pristaje?Деветнаесетгодишната Епл, ни се чини, уште подобро ја носи оваа позната креација, што не е ни чудо – нејзината убавина дефинитивно ја засени онаа на нејзината мајка! Инаку, Епл е најстарата ќерка на Гвинет Палтроу и Крис Мартин и го наследи најдоброто од двете, но сепак на прв поглед неодоливо потсетува на мајка си од помладите денови.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.