Кој вели дека снаата и свекрвата не се мирисаат? Фотографија што го открива односот на Јелена и Дијана Ѓоковиќ (ФОТО)

Погледнете ги!

Не стивнуваат шпекулациите за лошите односи меѓу снаата и свекрвата – Јелена и Дијана Ѓоковиќ. Секој изговорен збор им се мери, а секоја фотографија се анализира, за да се види дали јавноста ќе дојде до конечен одговор – дали Јелена и Дијана се во добри односи или се во војна!

Заедничката фотографија на двете дами ѝ стави крај на оваа приказна, бидејќи покажува каков е односот меѓу свекрвата и снаата.

Јелена и Дијана се фотографирани за време на прославата во ресторан, каде што го славеа неверојатниот успех на Ноле, кога официјално стана единствениот тенисер во историјата на овој спорт со 23 грен слем титули.

На фотографијата, Јелена седи во скутот на Дијана, што изненади многумина со оглед на приказните кои ги следат со години.


Насмеани од уво до уво, Јелена и Дијана пукаат од среќа и гордост, а моментот го искористија да овековечат еден незаборавен момент.

Иако сигурно имаат несогласувања, како и секое семејство, снаата и свекрвата дефинитивно можат да ги стават разликите на страна кога е време за големи моменти и прослави.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.