„Снаата станува од кревет напладне, ништо не фаќа по дома, само гледа реални шоуа“: Свекрвата смислила како да ѝ одржи лекција

Необична исповед

Исповедта на свекрвата која сè работи по дома наместо снаата е полна со возбудливи детали

Една пензионерка открила дека однесувањето на снаата страшно ја нервира, бидејќи ништо не сака да работи по дома, па сите обврски ѝ паднале нејзе, дури и чувањето на децата. Имено, таа тврди дека нејзината снаа станува напладне, а единствените нејзини обврски се пиењето кафе и гледањето реални емисии.

„Живеам во мало место со снаата и внуците, а синот најчесто не е дома, бидејќи работи на терен. Не знам што да кажам и како“, вака почнува приказната на свекрвата.

„Мојот ден почнува во 6 наутро, пијам кафе, ја средувам кујната, приготвувам ручек, ја ставам облеката во машина за перење и ги пружам алиштата да се исушат“, наведува свекрвата и додава дека снаата обично се буди околу пладне, а од кревет станува малку подоцна.

Пред да стане снаата, свекрвата се погрижува за помалиот внук кој станува уште во девет часот.

„Цел ден го чувам, му правам појадок, мал ручек и цел ден сум во движење со детето. Снаата ја гледам само додека пие кафе откако ќе се извлече од кревет напладне и додека гледа реални емисии или некоја серија.

Ништо не фаќа по дома, а и нема време од мобилниот телефон. На пријателите и на семејството им вели дека јас не ѝ помагам, дека ништо не правам по дома и дека не го чувам детето. Размислувам да поставам скриени камери по дома за да им покажам на сите каква лажга е таа. Молчам поради синот, бидејќи тој ја знае вистината и ме почитува“, открива свекрвата.

„На снаата ѝ пречи дури и кога ќе отидам некаде на неколку дена, бидејќи нема кој да ѝ го чува детето. Поради тоа, во последно време размислувам да се преселам во некој стан и да живеам сама, за да се одморам барем малку во овие пензионерски денови“, заклучува свекрвата.

Што мислите вие за оваа ситуација? Како би постапиле со снаата?

Свекрва побарала ДНК-анализа за внукот, па жестоко зажалила: Кога пристигнале резултатите, сите се шокирале!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.