Роберт де Ниро ќе го глуми Мирослав Илиќ? Колку дебело ќе наплати де Ниро по необичниот коментар на Илиќ?

Двајца браќа од различни мајки?!

За убаво, за арно…

Се снима филм за Мирослав Илиќ, а светски познатиот актер Роберт де Ниро ќе ја има честа да ја толкува улогата.

Менаџерот и пријател на Илиќ, Саша Мирковиќ открива ексклузивни детали дека по филмот за Аца Лукас се подготвува нов хит кој и тоа како ќе ги полни кино салите.

„Мирослав Илиќ важи за жива легенда и затоа заслужува екранизација на неговиот пат до ѕвездите, тргнувајќи од роднотo Мрчајевци. Не сакам да чекам да умре па потоа да снимам филм! Сметам дека и во текот на животот го заслужи тоа, едноставно човекот е легенда“, рече Мирковиќ, откривајќи детали на кого ќе му ја додели главната улога:

„Роберт де Ниро го гледам како идеален за главната улога, пред се, поради годините, но и физичките слиности. На големо работам за во Србија да ја донесам оваа холивудска ѕвезда. Не можам да ги откријам сите детали, но само ќе потенцирам дека ќерката на де Ниро ги обожава песните на Илиќ“.

Филмот за Мирослав Илиќ ќе има два дела, како што вели Мирковиќ, бидејќи еден не е доволен за еден таков музички великан. Според најавите, првиот дел ќе се фокусира на музичките почетоци на пејачот, додкеа во вториот акцентот ќе биде на неговата сегашност.

 

Иако се уште во тајност се чуваат сите детали кога и како ќе се снима филмот, славниот пејач за медиумите кусо прокоментира дека е воодушевен што еден светски атрактивен актер ќе ја игра улогата.

„Не можам ништо конкретно да ви кажам освен тоа дека Роберт де Ниро е мој омилен глумец“, рече Илиќ.

Инаку Роберт де Ниро не крие дека ја сака Србија. Своевремено тој зборуваше дека како студент често патувал низ Европа, а еднаш завршил и во Ниш.

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.