5 намирници што содржат најмногу витамин Д: Не сте ни свесни колку неговиот дефицит може да биде опасен по здравјето!

Дознајте!

Според многу лекари, никако не смееме да дозволиме витаминот Д да ни биде во дефицит

Витаминот Д го поттикнува нормалното функционирање на организмот, а неговиот конкретен придонес во најголема мера се однесува на зајакнувањето на имунитетот.

„Витаминот Д ја зголемува можноста макрофагите да го препознаат непријателот и да го уништат. Значи, клетките што ги убиваат вирусите, кога имаат доволно витамин Д, го активираат тој одговор и спречуваат инфламација и цитокинска бура. На крајот, нас може да нè убие имунолошкиот систем, не нè убива вирусот, а витаминот Д директно ја спречува таа бура, ако го има во доволни количини. Покрај тоа, не е важно само нивото на витамин Д што го земаме, туку и колку се труеме ако јадеме лоша храна. Кога има токсини во организмот, никогаш нема доволно витамин Д“, објаснуваат имунолозите и додаваат дека не му треба секому иста количина:

„Затоа, не можат сите еднакво да го земаат, прво треба да се види кому колку му треба. Тоа може да се провери од крвта.“

Недостигот од витамин Д не е нешто наивно и може да доведе до многу здравствени проблеми, а ова се само некои од симптомите:

  • ослабен имунитет
  • депресивно расположение
  • болки во мускулите и коските
  • опаѓање на косата

Во продолжение дознајте кои намирници содржат најмногу витамин Д…

1. Печурки

Печурките речиси се единствениот растителен извор на овој витамин, покрај некои интегрални житарки. Затоа, доколку сте вегани, задолжително вклучете ги во дневното мени. За разлика од животинските извори на витамин Д, кои содржат само витамин Д3, печурките се богати со витамин Д2. Во 100 г печурки има 130-450 IU од овој витамин, во зависност од тоа дали станува збор за диви или домашни врсти.

2. Лосос

Не само што претставува вкусен и здрав протеин, лососот е преполн со омега-3 масни киселини, за кои се знае дека нудат огромни придобивки за човечкиот организам. Освен тоа, одличен извор е на витамин Д. Според експертите, 100 г лосос содржи помеѓу 361 и 685 IU витамин Д – зависи дали станува збор за див или одгледан лосос. Дивиот секогаш содржи повеќе и купувајте го него, доколку сте во можност.

3. Жолчка

Рибата и морските плодови не се единствениот извор на витамин Д. Јајцата исто така го содржат во големи количини. Особено го има во жолчката, каде што се содржат и бројни други витамини и минерали. Купувајте домашни јајца, бидејќи тие содржат дури 3-4 пати повеќе витамин Д.

4. Туна

Туната содржи голема количина на витамин Д. Во 175 г туна има 236 IU од овој витамин. Освен тоа, богата е со протеини, што позитивно влијае врз мускулите, косата, кожата и ноктите. Содржи и голема количина на омега 3 масни киселини.

5. Шкампи

Популарниот вид ракчиња е богат со витамин Д. Во 100 г шкампи има 152 IU од овој витамин. За разлика од повеќето морски плодови што го содржат, имаат многу низок удел на масти. Исто така, содржат корисни омега 3 масни киселини, цинк, јод, селен, како и витамин Б12, поради што позитивно влијаат врз здравјето на срцето.

6 знаци кои укажуваат на недостиг од витамин Д: Опасна состојба на која малкумина ѝ обрнуваат внимание!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.