Безбожно прошета во фустан со ликот на Исус и на Богородица на заднината (ФОТО)

„Јас би ѝ прочитал молитва на оваа“

Наградата за моден израз ова лето би можела да заврши во рацете на жената што самоуверено носеше фустан чии креатори успеале да ги поврзат духовното и световното, модата и православието, верата и провокативноста.

Затоа, не треба да изненадува фактот што фотографијата предизвика толку многу реакции, а ретко кој остана рамнодушен откако светците се појавија на делот од фустанот кој го покрива местото каде што грбот го губи своето „девствено“ име.

Не се сомневам дека ќе се најде некој да ја бакне и да остави неколку парички, гласи описот на фотографијата што се појави на Твитер, а на која  гледаме жена во син фустан, кој  одзади има принт на Богородица како држи го Исус Христос во скутот.

Сите се прашуваат и замислуваат што би можело да се најде на предниот дел на овој необичен фустан, а дотичната „дама“ комбинацијата ја надополнила со капа и високи платформи, со што ги спои „традиционалното“ и „модерното“, како што можевме да прочитаме во голема број на хумористични и иронични коментари под фотографијата.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.