Сопругот на „нестабилната“ пејачка бара да му исплати милиони и се заканува дека ќе објави снимки и приказни со кои ќе ѝ ја погреба кариерата

Прави хаос!

Додека тој се заканува, Бритни Спирс продолжува да предизвикува внимание!

Бритни Спирс и Сем Ашгари се разведуваат по брак од една година и два месеци. Во медиумските написи и извештајот на ТМЗ се наведува дека причината е неверство и дека пејачката е виновна.

Бритни Спирс, по правната битка со својот татко и членовите на семејството околу контролата на кариерата, имотот, финансиите и приватниот живот, беше подготвена за ново поглавје во својот живот, сепак, иако се чинеше дека конечно е слободна да го изговори судбоносното „да“ на кого сака и да настапи и снима музика кога и да посака, повторно е во центарот на вниманието поради разводот.

Сем Ашгари бара од Бритни да му плати повеќе пари од предвиденото во предбрачниот договор, а за возврат нема да открие валкани приватни детали за неа и нејзините постапки, пренесува „Пејџ сикс“.
Не е познато колку пари Ашгари бара од Спирс, но извори блиски до тимот на пејачката тврдат дека таа е заштитена и дека нивниот развод и разделба ќе биде достоинствени и мирни.

Она што тој го прави е уцена и тоа што го сака нема да се случи, изјавил извор за Page Six.

Од друга страна, Бритни изгледа незаинтересирано и воопшто не е загрижена за уцените на Сем бидејќи додека медиумите пишуваат за потенцијалната лавина информации кои Ашгари може да ги објави во јавноста, пејачката објави дека купува коњ и ужива во животот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria River Red (@britneyspears)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.