Мирка Федерер располага со милиони и со сите стилисти на овој свет, а со години ги крши сите модни правила (ФОТО)

Јасен доказ дека кубури со модата

И покрај очекувањата на многумина дека Мирка Федерер ќе го подобри стилот на облекување, сепак залудно е сѐ.

Сопругата на познатиот швајцарски тенисер Роџер Федерер продолжува да прави модни грешки. Доказ за тоа е фустанот што неодамна го носеше на Вимблдон во Лондон, каде што се појави со својот сопруг, седејќи покрај принцезата од Велс во кралската ложа.

Имено, нејзиното модно издание потсетуваше на венчаница, а впечатокот не го подобрија ниту другите стилски детали. Мирка со години греши на модното поле.

А од друга страна, Роџер Федерер се чини дека, откако се повлече од светот на професионалниот тенис, повеќе внимава на модата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Избира елегантно скроени костуми, а неговиот стил ја засени сопругата на годинешната Мет гала во Њујорк, каде што тој беше еден од копретседавачите. И тогаш Мирка Федерер избра погрешен фустан.

На Вимблдон таа носеше незгоден фустан од тул и тантела. Кога ќе се спомне модна утка, многу луѓе мислат на вакви фустани. Пренагласен, кич, па дури и на лош начин, бидејќи кичот, колку и да е погрешен, понекогаш може да има смисла во модата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Roger Federer (@rogerfederer)

Фото: Instagram

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.