Не, не е шега! Градоначалникот се ожени со алигатор: „Се сакаме и ја прифаќам одговорноста!“ (ВИДЕО)

Го нарекува принцеза

Сите граѓани ја славата романтичната венчавка на градоначалникот.

Необична ситуација се случила во Латинска Америка, а за тоа е одговорен градоначалникот на еден мексикански град, кој се оженил со женка-алигатор на традиционална церемонија за која се верува дека ќе му донесе среќа на мексиканскиот народ.

Виктор Иго Соса се оженил со кајмански рептил по име Алиша Адријана додека го изведувал ритуалот на предците. Според локалното верување и традиција, суштеството се нарекува „принцеза“, а градоначалникот изјавил дека „се сакаат“ и дека чинот на брак е мотивиран од љубов.

Набљудувачите, или во оваа ситуација – гостите ракоплескаа и танцуваа, а сè се случи во Сан Педро Хуамелула, град на домородниот народ Чонтал во државата Оахака, на југот на Мексико.

Градоначалникот Соса изјави за време на ритуалот:

Ја прифаќам одговорноста затоа што се сакаме. Тоа е она што е важно. Не можете да имате брак без љубов. Се согласувам да се оженам со принцезата.

Инаку, во овој град веќе 230 години се склучуваат бракови меѓу маж и жена кајман во спомен на мирот меѓу домородните групи Чонтал и Хуава.

Градоначалникот, кој го претставува кралот Чонтал, се ожени со рептил, кој ја симболизира девојката на принцезата Хуава, за соживот на двете заедници.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.