Кога се појавила во најгрдите обувки што ги видел светот, сите заборавиле која е и зошто чекори на црвениот килим!

Џулија Робертс во најужасните обувки што некогаш постоеле

Џулија Робертс се појавила во Лондон на промоцијата на својот нов филм, кој паднал во заборав во моментот кога публиката ги забележала нејзините обувки

Џулија Робертс има толку добра става што во 56-тата година може да се појави на црвениот килим во ултракратко здолниште, но тоа никој не го забележал, бидејќи нејзините обувки ја собрале сета слава.

Актерката за оваа пригода одбрала сребрени салонки, кои биле покриени со сребрени светкавци налик на боцки.

Исклучително витата става ја покажала во сако и во мини-здолниште во нуд боја, додека носела ѓердан што го покривал деколтето.

Џулија Робертс е позната по тоа што ја чува својата приватност далеку од очите на јавноста, а тоа го практикува откако се омажи за Дени Модера, со кого има три деца.

Па затоа, сите ги изненади кога на Инстаграм сподели слика од близнаците од нивните млади денови. Нејзините деца го прославија 19. роденден, па актерката решила да се пофали.

„19. Немам зборови за оваа радост, забава и див ритам на заеднички живот“, напишала Џулија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Julia Roberts (@juliaroberts)

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.