Скоро сите жени го чуваат ова во чантата, а експертите за фенг шуи тврдат дека привлекува несреќа: Веднаш исфрлете ги овие 2 работи!

Кои работи во женската чанта привлекуваат несреќа?

Дали знаевте кои предмети во женската чанта привлекуваат несреќа според мислењето на експертите за фенг шуи?

Во женската чанта навистина може да се најде сѐ и сешто, но некои дами претпочитаат помали модели кои не собираат многу работи, додека други носат буквално мал багаж со себе. Меѓутоа, експертите за фенг шуи имаат важни насоки за припадничките на женскиот пол околу организацијата на омилениот моден додаток, бидејќи според нив, одредени предмети привлекуваат беда и несреќа.

Имено, првото нешто што треба да го направите е да исфрлите сѐ што ви е непотребно, бидејќи сите тие дреболии што не служат за ништо, привлекуваат проблеми во животот. Редот носи, всушност, и олеснување при донесувањето тешки одлуки – уредната чанта ја одржува хармонијата. Од друга страна, не смее да биде претешка, бидејќи тоа симболизира грижа.

Што треба веднаш да исфрлите?

Расфрлени пари

Парите мора да бидат исклучиво во паричник, никако расфрлени насекаде во чантата, бидејќи според фенг шуи, тоа привлекува сиромаштија, недоволно финансии и поставува енергетски блокади на патот кон развојот.

Стари сметки

Старите сметки ве враќаат во минатото, но и се магнети за одлив на пари, а носат и чувство на оптоварување. Затоа, истиот момент фрлете ги во корпа за отпадоци.

Која форма на чанта е најдобра?

Работната чанта треба да биде средена, висококвалитена и издржлива. Таа симболично ја претставува вашата вреќа со пари и е симбол на финансиска благосостојба.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.