Меган Фокс е жешка и свесна е за тоа! Проѕирната маица открива речиси сѐ, а никој не би ѝ дал ни 25 години (ФОТО)

Смело издание

Ова е нешто што повеќето од нас никогаш не би го облекле, нели?

Меган Фокс открива сѐ – со зборовите, но и со гардеробата. Актерката ја воодушеви публиката за време на читањето на својата нова поетска книга Pretty Boys Are Toxic во вторникот вечерта во Њујорк.

Меган Фокс за читање носеше проѕирен кафена маица, кафено кожено миди-здолниште и сјајни црни чизми на високи потпетици. Актерката, исто така, носеше огнен маникир кој ѝ одговараше на нејзината смела црвена коса, а нејзиното лице блескаше поради сјајот за усни и долгите трепки.

Убавицата без градник гордо носеше примерок од својата нова книга, како и црна кожена чанта со бисерно ремче.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.