Идеална е за свечена трпеза: Солената торта може да биде предјадење, а може да го замени и главното јадење

Рецепт за посна солена торта со ајвар

Гостите ќе бидат воодушевени од оваа солена торта што се приготвува брзо и едноставно

Оваа посна солена торта е одличен избор за различни пригоди, без разлика дали ќе ја послужите како предјадење, на прослава или како дел од оброкот. Вкусна е и освежителна, а комбинацијата на ајвар со кремливо сирење во розен кори, претставува совршен спој на традиционални вкусови на еден сосема нов начин. Уживајте во вкусовите на оваа едноставна, а извонредна посна торта.

Состојки:
  • 1 пакување розен кори
  • 500 г посно сирење
  • 300 г посен мајонез
  • 200 г ајвар
  • 1 црвена пиперка
  • 1 зелена пиперка
  • 1 главица кромид
  • сол, бибер, по вкус
  • маслиново масло
Приготвување:

Најпрво, пригответе го филот. Ситно исечкајте црвена и зелена пиперка, како и кромид.

Во загреано тавче со малку маслиново масло, пропржете го кромидот додека стане стаклест. Додајте ги исечканите пиперки и динстајте додека омекнат.

Кога зеленчукот ќе омекне, тргнете го од рингла и оставете го да се олади.

Во посебен сад, измешајте посно сирење, посен мајонез, ајвар и оладениот динстан зеленчук. Додајте сол и бибер по вкус, па добро измешајте за да се соединат сите состојки.

Почнете да ја редите тортата. На чинија за послужување ставете една розен кора. Премачкајте ја со филот од сирење, павлака и ајвар. Ставете ја втората розен кора преку филот и повторувајте ја постапката додека ги потрошите филот и корите. Завршете ја тортата со последната кора.

За декорација, можете да ја украсите тортата со преостанатиот ајвар, исцртувајќи шари или линии по желба.

По желба, украсете ја со исечкана црвена и зелена пиперка или ливчиња магдонос. Можете да ја украсите и со посно сирење, и на врвот од коцките да ставите маслинки.

Готовата торта ставете ја во фрижидер да се стегне, барем еден час пред да ја сечете и послужите.

Трикови за мајсторско редење мезе: Совршено за слава и други свечености!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.