Ѕирнете во куќата на Мет Дејмон вредна 21 милион долари (ФОТО)

Еве зошто!

Ги содржи сите поволности што може да ги поседува еден холивудски дом на позната личност

Мет Дејмон одлучил да ги спакува куферите и да го напушти од Лос Анџелес, па затоа ја продава својата вила за неверојатни 21 милион долари.

Филмската ѕвезда го продава имотот што се наоѓа во популарниот Pacific Palisades, кој во 2012-та година го купил за 15 милиони долари.

Вилата се протега на 1.000 метри квадратни со сите свои поволности што може да ги поседува еден холивудски дом на позната личност.

Во вилата има 7 спални соби, 10 купатила, базен, теретана, сауна, центар за масажа, вински подрум.

Во дворот има и езеро со многу риби за кои што велат дека носат среќа. Ентериерот на вилата е уреден во бохо стил, со елегантни примеси.

Според информациите на еден од агентите за недвижнини, Дејмон планира да се пресели со својата сопруга Лусијана Баросо и четирите деца во пентхаус во Бруклин хајтс во Њујорк, кој го купил за 16 милиони долари.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.