House of Creed CARMINA: Мирис за смелите авантуристи

Новитет

Carmina е храбар, пикантен мирис кој ќе одведе на мирисно патување низ сензитивните точки за кои не сте ни знаеле дека постојат

House of Creed со задоволство го најавува својот новитет во портфолиото мириси – Carmina која ни доаѓа во парфимериите во септември 2023.

Carmina е храбар, пикантен мирис кој ќе ве одведе на мирисно патување низ сензитивните точки за кои не сте ни знаеле дека постојат.

Како омаж на кројачкото потекло на куќата Creed, инспирацијата за Carmina доаѓа од модните скици на Henry Creed кои со генерации се пренесуваат низ фамилијата, а кои неодамна се повторно откриени во приватните простории на Creed бутикот во Avenue Pierre 1er de Serbie во Париз.

Фустаните се украсени со богати бои, луксузни ткаенини кои евоцираат гламур и богатство. Carmina претставува дух на смелите и страствени жени кои се наоѓаат на тие скици, ултимативни хероини кои се подготвени да тргнат на својата следна авантура.

Композицијата на мирисот се потпира на електричен сензибилитет. Со моќно полнење, црната цреша и розе биберот даваат модерност во срцето на темјанушката и придушената роза. На тоа се додава мистерија олицетворена во заводливите ноти на смирна и темјан. На крајот, амбер и загасит мошус создаваат фузија од моќни, но етерични ноти.

Carmina е цветно дрвенест амбер мирис. Горни ноти се црна црша, шафран, розе бибер, средните ноти се мајска роза, темјанушка, дрво кашмир, божур, а долните ноти се темјан, миро, амбер и мошус.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.