Летото продолжува со целата своја убавина: Пристигна новата креација на Juliette has a gun, LUST FOR SUN

Побрзајте по својот примерок!

Сензуален мирис кој потсетува на сончеви зраци врз топлата и златна кожа

Со уникатен и препознатлив стил само за Juliette has a gun, го обележавме доаѓањето на Lust For Sun. Во прекрасна градина покрај базен, додека сончевите зраци нежно ја милуваа водата во синиот базен, гостите уживаа во нотите на сензуалниот мирис и дружба која долго ќе се памети.

Сонцето  се искачи  високо на азурното небо. Бојата во базенот е чисто сина. Juliette на своите потпетици зачекори на сцената. Време е за забава!

Базенот е нејзиниот театар каде таа ја има водечката улога. Нејзината  модна писта доминира со разиграност и софистицираност.

Нејзината самодоверба е беспрекорна.  Дрска, женствена, провокативна, дури ни нејзиното фламинго не може да одолее.

Стоечки овации. До работ на базенот, LUST FOR SUN: нејзиниот препознатлив мирис.

Сензуален мирис кој потсетува на сончеви зраци врз топлата и златна кожа.

„Новиот мирис е ода на радоста од летото. Кожата е предадена на сонцето исполнето со ветувања. Замислив ново игралиште за нашата Juliette: нејзиниот базен. Магични декорации, каде нашата дива ги поставува правилата и очекува од нејзината придружба да ги исполни сите нејзини желби. Сите се соодветно облечени, дури и розевото фламинго носи шал додека заедно позираат за селфи..Разиграна слика за ерата во која живееме каде што социјалните мрежи и постојаното сценирање на нашите животи нè поттикнуваат да бидеме уште поекстравагантни”, Romano Ricci.

Горни ноти: фрезија, кокос, бергамот

Средни ноти: иланг-иланг, монои, цвет од портокал, гарденија

Долни ноти: ванила, амброксан, мошус

Прославувајќи ја топлината на летото, шишето рефлектира жолти нијанси на топло сонце. Засилено со сјајното метално капаче, LUST FOR SUN шишенцето е блескав примерок, совршен одраз на самата Juliette.

LUST FOR SUN веќе е во парфимериите: Belodore, FABUspot и Cosmo Tinex. Побрзајте по својот примерок!

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.