„Јас сум 52-годишна баба, но изгледам како студентка“: Смешно ѝ е што мажите ги обожаваат нејзините слики

Дознајте повеќе

Џина Стјуарт вели дека се уморила од правењето фризури, средувањето нокти, шминкањето и облекувањето

Оваа гламурозна баба одлучила да го врати времето назад и да се подмлади. Имено, моделката Џина Стјуарт ги шокирала своите 400 илјади следбеници кога споделила видео од себе во прилично младешко издание, како го пее хитот на Ријана, Diamonds. На видеото, бабата и мајка на четири деца изгледа како студентка во раните 20-ти години.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Stewart (@worldshottestgrandma)

Видеото ги полуди нејзините бројни машки следбеници, а еден од нив напишал:

„Колку прекрасен и природен изглед!“

„Па, ти си најубавата девојка што некогаш сум ја видел“, напишал друг.

На крајот излегло дека изгледот на Џина кој им пркоси на годините е резултат на вештачка интелигенција, која ѝ помогнала да го врати времето назад. Откако поминала години во снимање видеа на OnlyFans, Џина одлучила да ја подигне својата кариера на моделка на повисоко ниво, здружувајќи се со една компанија која се занимава со вештачка интелигенција, за да стане комплетно виртуелна.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Stewart (@worldshottestgrandma)

„Смешно е што мажите го обожаваат тоа“, изјавила неодамна и додала дека ВИ моделите се гламурозни, убави и пожелни, како Плејбој-модели од 1990-тите.

„Претпоставувам дека станува збор за сличен концепт како оној за суперхероите, секој ги сака и има омилен суперхерој, оди во кино да го гледа, му се восхитува… Луѓето сакаат да бидат како нив, иако тие не се реални. Тоа е фантазија и бегство од реалноста“, објаснила таа.

Џина, на Интернет позната како „најзгодната баба на светот“, станала ѕвезда кога нејзините гламурозни фотографии станале вирални. Заработила од славата така што се здружила со OnlyFans и Плејбој, а сега одлучила комплетно да се виртуелизира, откако ѝ досадило постојано да позира и да се фотографира.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gina Stewart (@worldshottestgrandma)

Тврди дека се уморила од објавувањето видеа, правењето фризури, нокти, шминкањето, облекувањето и од вложеното време што ѝ е потребно за да го заврши сето тоа. Ѝ требало пауза. Во тој момент се родила 28-годишната компјутерски генерирана Џина од Калифорнија.

„Ја проучив вештачката интелигенција и соработував со еден неверојатен уметник на Инстаграм. Употребивме 1000 мои реални фотографии од сите агли, го извежбавме програмот и ме клонираа. Резултатите беа неверојатни“, заклучила таа.

Направила милиони прекуноќ: Девојка креирала верзија од себе со помош на вештачка интелигенција – сите плаќаат за да ја видат!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.