Направила милиони прекуноќ: Девојка креирала верзија од себе со помош на вештачка интелигенција – сите плаќаат за да ја видат!

Неверојатно!

Замислете да имате виртуелна девојка која совршено ве разбира и комуницира со вас како вистинска личност

Карин Марџори, 23-годишна инфлуенсерка, го оживеала овој концепт. Користејќи најсовремена технологија за вештачка интелигенција и со помош на материјал од сопствени видеа на Марџори во времетраење од илјадници часови, CarinAI е гласовен чет-бот кој нуди единствено искуство на виртуелна врска и кој веќе има собрано илјадници претплатници што уредно ја плаќаат оваа услуга.

Луѓето навистина се подготвени да платат за можноста да се дружат со оваа виртуелна девојка!

Целта на CarinAI е да овозможи реалистично искуство што многу личи на човечка интеракција. Користејќи видеа и податоци што ги внела токму Марџори, а кои се дел од нејзиниот вистински живот, чет-ботот го имитира нејзиниот глас, карактер и манири. Неверојатната посветеност на деталите им овозможува на корисниците да се вклучат во интеракција со CarinAI како да комуницираат со вистински човек, односно со Марџори.

@cutiecaryn♬ som original – editss

Виртуелниот чет-бот, опишан како „виртуелна девојка“, им овозможува на корисниците да се вклучат во разговори засновани на нејзиниот глас, за надомест од еден долар по минута.

„Јас сум еден од ретките креатори кои поминуваат со часови одговарајќи им на луѓе кои се моментално онлајн, но не стигнувам да им одговорам на сите. Сакам да можам истовремено да комуницирам со сите, а CarinAI ќе може да го направи тоа и многу повеќе“, открила инфлуенсерката.

Можете да разговарате со неа на која било тема.

@cutiecaryncountry girl

♬ original sound – Caryn Marjorie

Темите на разговор тргнуваат од споделување длабоки мисли и чувства до дискусии за планови за иднината, па дури и до шепотење слатки работи на корисниците:

„Без разлика дали ви треба некој да ве утеши или сака, или само сакате да се шегувате за нешто што ви се случило на училиште или на работа, CarinAI секогаш ќе биде тука за вас“, објаснува вистинската Карин.

CarinAI веќе има собрано повеќе од 1.000 претплатници кои плаќаат, генерирајќи импресивен приход од 71.610 долари за само една недела. Со оваа брзина, Карин Марџори би можела да стане милионерка буквално прекуноќ.

Во денешниот виртуелен свет за состанување и непредвидливото царство на апликации за запознавање, реалистична AI виртуелна девојка како што е CarinAI може да им понуди чувство на поврзаност и исполнетост на оние што бараат дружење, особено во ситуации кога односите од реалниот живот може да бидат комплицирани или отежнати.

Жената од насловната страница на „Вог“, всушност, НЕ ПОСТОИ: Луѓето маѓепсани гледаат во нејзините сини очи без да ја знаат вистината за нив
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.