Еве како Толстој се ослободил од неморалната страна на својата личност: Зборови што ја откриваат тајната на среќниот живот

Мудри зборови

Секој од нас би требало добро да ги запомни советите на Лав Толстој за среќен живот

Лав Толстој бил руски благородник и познат писател кој потекнувал од многу богато семејство. Поседувале огромен имот, а ги служеле стотици слуги. На почетокот, неговиот живот бил исполнет со морничави случувања, кои изобилувале со насилство, неморал и разврат.

„Убивав луѓе во војните и ги предизвикував на двобој за да ги убијам. Губев на карти, мамев селани, ги осудував на казни, живеев разуздано, ги изневерував луѓето и така живеев десет години“, признал Толстој.

Но тој постепено го отфрлил својот декадентен начин на живот, како и наследените уверувања за своето аристократско потекло, усвојувајќи радикален, неконвенционален светоглед што ги шокирал неговите современици. Како што созревал и како човек и како книжевник, тој ја спознавал тајната на вистинскиот среќен живот.

Станал есеист, познат борец за правата на работниците, драматург, критичар и морален филозоф, а покрај сè, и пацифист и левичар.

Може многу да се научи за уметноста на живеењето од неговите зборови, па затоа ги издвојуваме неговите најубави цитати:

1. Сите размислуваат како да го променат светот, а никој не размислува како да се промени себеси.

2. Ценете ги добрите мисли, и своите и туѓите, кога ќе ги познаете. Ништо нема да ви помогне толку многу како добрите мисли за да ја завршите вистинската задача во вашиот живот.

3. Никогаш не слушајте ги оние што зборуваат лошо за другите, а добро за вас.

4. Без физичка работа нема здраво тело, ниту здрави мисли во главата.

5. Она што поминало, не постои веќе, а она што ќе биде, сè уште се нема појавено. Па што постои тогаш? Само онаа точка во која се среќаваат минатото и иднината. Ете, во таа точка се содржи сиот наш живот.

6. Двата најмоќни војници се трпението и времето.

7. Зборувај само за она што ти е јасно, инаку молчи.

8. Плашливиот пријател е пострашен од непријателот, бидејќи од непријателот се плашиш, а на пријателот му веруваш.

9. Да се греши е човечко дело, а да се оправдуваат гревовите е дело на ѓаволот.

10. Човекот е како дропка чиј броител е она што тој е, а именител е она што го мисли за себе. Колку што е именителот поголем толку дропката е помала.

11. Повеќето мажи од своите жени бараат доблести до кои и самите не се придржуваат.

12. Совеста е гласот на душата.

13. Колку помалку луѓе знаат за лошите дела на другите луѓе, толку построги се кон себе.

14. Сокриј го туѓиот грев, па Бог ќе ти ги опрости двата.

15. Задоволствата на богаташите се создаваат со солзите на сиромашните.

Зошто многу деца и внуци ги занемаруваат своите родители во староста? Лав Толстој со 1 реченица го одговорил ова прашање
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.