Принцот Алберт вели дека е повреден: Никој не му верува дека ја зборува вистината за својот брак

Повторно ѝ се обратил на јавноста

Често се пишува за бракот на принцот Алберт и принцезата Шарлин

Кога принцот Алберт во јули 2011 година се ожени со повлечената Шарлин, никој не ни помислуваше дека овој брак ќе биде толку интересен повеќе од десет години по самата венчавка. Само неколку дена пред нивната свадба, нивниот однос беше нарушен кога се откри дека принцот е татко на момче од вонбрачна врска, а солзите на младата Шарлин на денот на својата венчавка, натераа многумина да се запрашаат дали поранешната спортистка воопшто сака да стане принцеза на Монако или веќе било доцна да излезе од целата ситуација.

 

Заедничките појавувања на принцот Алберт и принцезата Шарлин постојано го скокоткаат интересот на јавноста, но секогаш се чини дека принцезата не ужива во своите кралски должности. Нејзините исилени насмевки се честа појава, а јавните настапи многу ретки.

Токму поради ретките појавувања, се појавија и гласини дека принцезата не живее во Монако, туку некаде во Швајцарија, и дека целиот брак на оваа кралска двојка е исцениран.

Како и минатиот пат кога се зборуваше за нивната брачна криза, принцот Алберт одлучил во интервју да објасни каков е неговиот брак и дали има причина да се пишува за нивната брачна криза во медиумите. Принцот веќе неколку пати мораше да ја уверува јавноста дека сè е во најдобар ред со Шарлин и дека не постои никаква криза, но јавноста сè уште не му верува.

Алберт разговарал со италијанските весници Corriere della Sera и го открил своето чудење поради гласините:

„Не ги разбирам сите тие озборувања дека таа живее на друго место. Тие гласини ме повредуваат.“

Покрај тоа, во интервјуто зборувал и за нивното заедничко воспитување на близнаците на кои и двајцата им се посветени, како совесни родители.

Осумгодишниот принц Жак еден ден го очекува улогата на крал, а наскоро ќе треба и да се подготвува за кралската улога. Меѓутоа, Алберт истакнал дека тој и Шарлин како родители внимаваат да не ја занемарат Габриела.

За неа важи истото што и за Жак: го добива истото внимание и обука. Освен тоа, Габриела исто така ќе преземе некоја висока функција во Монако, па и таа има исто толку голема одговорност. Истакнал дека нејзината улога е секогаш да биде покрај брат ѝ, исто како што тој секогаш бил покрај своите сестри Каролина и Стефани.

Што се случило веднаш по венчавката на принц Алберт и принцезата Шарлин: По утрото денот се познава…
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.