Што се случило веднаш по венчавката на принц Алберт и принцезата Шарлин: По утрото денот се познава…

Не почнале добро

Уште од самиот почеток можело да се претпостави каков ќе им биде бракот

Принцезата Шарлин уште од почетокот на својата врска со принцот на Монако е во центарот на медиумското внимание, а тоа дополнително се засилило последнава година, кога многумина ја прогласија за најнесреќната европска принцеза.

Ги полнеше медиумските страници поради својата фризура, тажниот израз на лицето, бракот со Алберт, но и здравствените проблеми, па затоа не е чудно што јавноста со нетрпение чека уште некој нов детаљ од нејзиниот живот.

И додека моментално Шарлин поминува време на непозната локација, каде што закрепнува од здравствените проблеми, медиумите откриле нова занимливост поврзана со нејзиниот брак.

Веќе добро познато е дека некогашната јужноафриканска пливачка дури трипати се обидувала да побегне пред спектакуларната венчавка во 2011 година, од која поголемиот дел го поминала плачејќи и бришејќи солзи, но она што ретко кој го знае е податокот дека го поминале медениот месец разделени.

Имено, на брачно патување, принцот Алберт ја однел својата сопруга, принцезата Шарлин во нејзината родна Јужна Африка, но тие денови ги поминале во различни хотели, оддалечени еден од друг повеќе од 15 километри.

Шарлин престојувала во Umhlang Rocks, луксузен резорт на плажа, додека Алберт спиел во хотелот „Хилтон“ во Дурбан. Тогаш тоа било оправдано со зборовите дека принцот сака да го одбегне метежот на патиштата наутро, кога одел на состаноци и дека затоа секој од нив спиел во свој хотел.

Зошто и принцезата Шарлин не престојувала со него во хотелот „Хилтон“? Нешто тука не е во ред…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.