Trussardi Uomo и Trussardi Donna – вонвременски парфеми за него и неа

Софистицирани, возбудливи и сензуални

Истражете го неодоливиот миризлив свет на Trussardi

Влезете во светот на неодоливите и вонвременски мириси на Trussardi.

Trussardi Donna

Нотите на лимон и пачули му даваат на парфемот спој од свежина и острина, додека женственоста е осигурана преку комбинацијата на јасмин, лотос и цвет од портокал.

Donna 2011 заедно со својот машки пар Trussardi Uomo се претставени како круна на стогодишното постоење на брендот, во реформулиран состав во однос на истоимениот парфем од 1994 година.

Софистициран, возбудлив и сензуален, Trussardi Donna EDP дава доза ненаметлина елеганција на секоја жена која го носи.

Trussardi Uomo

Нотите на лимон и бергамот и даваат доза свежина на оваа тоалетна вода. Гераниум и жалфија се овде за да додадат острина, додека нотите на кожа и пачули ја носат топлината. Модната куќа Trussardi ја обележа стотата годишница од постоењето со претставување на два нови мириси – Donna Trussardi (за жени) i Uomo Trussardi (за мажи). Безвременската елеганција е синоним за овие два парфеми. Совршена рамнотежа помеѓу класичните и современи моменти, што ги прави соодветни за секоја прилика.

Trussardi Feminine

Денешната е жена е храбра, еманципирана, слободна, самостојна и секогаш управува со својот живот. Инспириран од оваа суштинска вредност на современата женственост, Trussardi Parfums создаде нова класика во уметноста на парфемскиот свет и автентична одредница на идентитетот на овој бренд.

Оваа композиција е претставена во 2021 година.

Trussardi е првиот парфем на модната куќа кој е дизајниран за новите, современи жени кои знаат како да ја комбинираат етиката и естетиката, посветени на правдата и убавината. Одлични секогаш да бидат одговорни за својата судбина и способни да ги пренесат овие пораки на следните генерации. Оваа апсолутно италијанска мирисна композиција е формулирана од типично италијански состојки кои евоцираат елеганција, спокој, среќа и убавината на Италија. Оваа креација е настаната околу основните параметри на италијанскиот дух и женствената храброст.

Trussardi Pure Jasmine

Оваа парфемска вода припаѓа на цветната фамилија chypre, цвеќе во бела боја. Горните ноти се ф’стак, нероли и бергамот, а во средните ноти се јасмин, муган и шапака, додека базата ја чинат ванила, сандаловина и пачули. Оваа парфемска вода креирана од Violaine Collas и Julie Masse е претставена во 2022 година. Совршена, свежа, а топла мирисна композиција.

Le Vie di Milano Paseggiata in Galleria Vittori Emanuele II е унисекс мирис, патување кое започнува и временски и просторно оддалечено како би се отсликала единствената атмосфера која се наоѓа на улиците во Милано. Елеганцијата на овој парфем се гледа во слатките топ ноти на лешник, кафе и цимет, кои лесно се мешаат во коктел од кокос и тубероса, а завршниот удар доаѓа од јасмин самбак. Во основните ноти доминира кедар, ванила и бел мошус.

 

Le Vie di Milano Viadella Spiga отсликува бескраен шопинг на улицата Via della Spiga. Се отвора со ноти на бергамот, јаболка и саќе. Потоа елегантно преоѓа низ нотите на јасмин и махони. Средните ноти доаѓаат од капка мед, кој го прави мирисот сензуален и заносен. Долните ноти се обележани од хелиотропин, глог и билка тонка низ единствениот допир на ориентален мошус.

Le Vie di Milano Porta Nuova

Ова патување започнува со лист од мандарина, италијански нероли и калабриски бергамот. Средните ноти имаат во себе амарето и ирис, кои во основата се мешаат со ноти на ванила и амбер.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.