Зоран Стефаноски и Ферус Мустафов го направија „Маалски чочек“, последен прoект на кралот (ВИДЕО)

Слушнете!

Ако некој се посветил на професијата, тоа секако е кралот на ромската музика, Ферус Мустафов. Него повеќе, за жал, го нема, но зад него остануваат да творат неговите соработници и почитувачи на музиката.

Еден од нив е Зоран Стефаноски, во дијаспората познатиот како Зоки Сакс, кој заедно творејќи со Ферус ги помина неговите последните денови. Иако тој веќе го нема, Зоки се потруди и успеа да сними уметничко дело со легендарниотт Ферус Мустафов. Станува збор за „Малски чочек“, кој е снимен во студиото „Сити саунд“, а во продукција на „Блек меџик“.

Токму затоа ова дело му е од огромно значење, се радува на соработката со кралот на саксофонот, со кој ги помина последните денови од неговиот живот.

-Драго ми е што соработувавме на многу проекти. Го почитував и како музичар и како човек и затоа се уште не можам и не сакам да поверувам дека веќе го нема. Затоа ќе го следам неговиот пат и ќе ги применувам сите совети кој ми ги има дадено. И знам дека ќе се гордее со мене од небото. Многу ми е жал што нема да го сработиме и орото кое кралот на саксофонот ми го посвети на мене. Но, сепак ќе се потрудам да го реализирам и да ја пренесам замислата, исто онака како тој ме советуваше, вели Зоки

Стефаноски работи како професор по саксофон и кларинет во приватна институција за музика и има завршено Конзерваториум на музика во Сиднеј. Досега има снимено повеке ора и чочеци , негови авторски и издадено еден албум со издавачката куќа „Сенатор“ од Битола.

Во соработка со маестро Сашко Велков, кој е негов долгогодишен соработник, го подготвува и неговиот втор албум, кој му е од големо значење, а во изминатиов период снимаше и видео записи и спотови за своите дела.

Зоки Сакс е голем љубител на музиката, таа му го окупира неговиот професионален, но и приватен живот, секојдневно во своето домашно студио каде го поминува најголемиот дел од своето слободно време .

Како Македонец, кој е роден и живее во Австралија, свири секаков жанр на музика и е член на повеќе групи , но од македонската , српската , арапската, турската и англиската музика, сепак, највеќе ја негува нашата.

Како човек, чиј живот е музиката имал чест да сними проекти во живо со врвни музичари од соседството, меѓу кои е и еден од најпознатите инструменталисти на кавал Неделко Неделков. Зоки има настапувано и на повеќе интернационални настани не само во Австралија, туку и во Америка и Италија.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.