Ќе ве расплачат зборовите на Росана за Ферус: „Тоде, Драган, Џорлев, Мирослав, Завков, ќе направите достоен оркестар!“

Последно збогум!

На социјалните мрежи, односно на Фејсбук денеска се огласи и Росана Сариќ Тодоровска и изрази длабоко жалење за прераната смрт на музичкиот виртуоз Ферус Мустафов

Токму нејзината соработка со Ферус за песната „Свири ми брате Цигане“, ќе остане како една од најубавите песни на сите времиња кои се создале на македонската музичка сцена…

Росана во чест на големиот Ферус ја сподели снимката од еден нивен легендарен настап и напиша доста емотивни реченици…

Ќе ви ги пренесеме во целост:

„Толку убави моменти и заеднички снимања и настапи… Жалам… Ужасно жалам, бидејќи знам дека со твојот САКСОФОН И КЛАРИНЕТ можеше уште многу долго. За жал правила не постојат за многу нешта во животот, така и правилото да си замине некој пред време… Почивај во мир пријателу, прекрасен музичару… Знам дека горе на небото заедно со нашето братче Мирослав кој беше одличен музичар, Тоде Новачевски прекрасен композитор, Драган Вучиќ менаџер и музичар, Милан Завков прекрасен композитор, аранжер, Зоран Џорлев еден и единствен на виолина, ќе направите достоен и величествен оркестар со сите правила и норми на Македонската песна пред се…. На сите вас Ви се поклонувам со огромна почит! Почивај во мир драг ФЕРУСЕ“.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.