Овој минерал е главниот виновник за покачен притисок: Следниве 4 намирници го имаат најмногу – одбегнувајте ги!

Сведете ги на минимум

Многу луѓе имаат проблеми со покачен крвен притисок, а регулирањето на исхраната може да биде првиот чекор кон решавањето на тој проблем

Доколку имате проблем со покачен крвен притисок, би требало да ги одбегнувате овие неколку намирници или барем да го редуцирате нивното консумирање.

Соја-сос

Составниот дел од популарните азиски јадења е богат со натриум кој неповолно влијае врз крвниот притисок. Меѓутоа, за соја-сосот постојат многу алтернативи со понизок процент на натриум.

Млеко

Млекото е многу популарна напивка, но една шолја полномасно млеко содржи дури 8 грама масти. Доколку страдате од висок крвен притисок, подобро е да консумирате помалку масно млеко.

Кисели краставички

Краставичките имаат малку калории, малку масти и многу витамин К. Но една кисела краставичка со средна големина содржи повеќе од 570 мг натриум. Ако имате проблем со висок крвен притисок, ограничете го консумирањето кисели краставички.

Кисела зелка

Киселата зелка е богата со витамини Ц и К, железо и влакна. Содржи големи количини на натриум дури и ако одберете зелка со ознака за ниска количина на натриум. Половина шолја ваква кисела зелка содржи 460 мг натриум.

Намирници што им се препорачуваат на луѓето со висок крвен притисок:

  • банана
  • спанаќ
  • риба
  • ленено семе
  • намирници богати со омега-3 масни киселини
Ако долниот притисок ви се качи до 100, реагирајте веднаш: Шведски кардиолог открива како да го снижите БЕЗ ЛЕКОВИ
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.