Го намалуваме притисокот за 5 минути!

За зајакнување на крвните садови и нормализирање на притисокот можете да вежбате тибетски вежби за дишење. Тоа е многу едноставна техника и не бара никакви трошоци.

Вежбите за дишење се одлични, бидејќи можат да се прават дома, на работа, дури и во јавен превоз…

Како функционира тоа

При длабоко и бавно стомачно дишење се менува составот на гасовите во крвта. Како резултат на тоа, метаболизмот во телото се забрзува, благодарение на што се исфрлаат насобраните токсини, кои негативно влијаат на внатрешните органи, вклучувајќи ги и крвните садови. Длабокото дишење го подобрува крвотокот, го смирува нервниот систем, го враќа нормалното функционирање на кардиоваскуларниот систем, а во некои случаи дури помага и во борбата против хроничната несоница.

Што да се прави

Треба длабоко да вдишете со стомакот, да го задржите здивот од една до три секунди и да направите две подолги издишувања. Потоа вдишете преку носот, издишете преку устата. За време на издишувањето, усните може да се соберат како да пиете на сламка, за да се забави издишувањето. Повторете ја вежбата неколкупати, може со паузи. Благодарение на оваа вежба, за кратко време навистина можете да го намалите високиот крвен притисок за 10 до 50 mmHg.

Ваквиот начин на дишење постепено ги смирува нервите и придонесува за намалување на нервната напнатост. Како резултат на тоа, притисокот почнува да опаѓа. Корисно е да дишете на овој начин дури и ако сте вознемирени.

Советува: Ала Вовченко, висцерална терапевтка, специјалистка за мануелна терапија

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.