Експлозивна нота. Мирисна возбуда. Ангелот што не го очекувавте е тука!

Во страстен обид да ја претвори реалноста во фантазија, брендот Mugler ги менува правилата и лансира новитет во 2023 година.

Запознај се со Angel Elixir, неочекуван, трансформирачки парфем, најновата ѕвезда на Angel галаксијата, која го носи познатиот мирис во блескава димензија.

БЕСКОНЕЧНО ПРЕПОРОДУВАЊЕ

Триесет години по лансирањето на оригиналниот парфем Angel, Mugler лансира нова мирисна ѕвезда. Angel Elixir го отвора патот за нов израз на женственоста. Контрастот на длабоки, дрвенести ноти, обвиткани во ноти на ванила во комбинација со зачинети, млечни цветни ноти, дејствува како вртоглава игра на светлина и сенка.

Светлината навлегува од сенките. Извонредните, величествени дрвенести и цветни ноти ги повикуваат жените да ја прифатат длабочината на својата личност за да блеснат и да ја откријат ѕвездата во себе. Angel Elixir, е трансформирачки парфем.

АСПЕКТОТ НА ВОЗБУДА

Розовиот бибер се издвојува во вибрациите на елегантните зачинети ноти, како ода на новиот вид женственост што те кани да ја откриеш сопствената личност. Техниката за екстракција на CO2 ослободува заслепувачка светлина, која создава остар, блескав, метален впечаток. Експлозивна нота. Мирисна возбуда.

АСПЕКТОТ НА ПРИВЛЕЧНОСТА

Angel Elixir содржи силни, сензуални и современи цветни ноти, кои дејствуваат како неодоливи ѕвездени привлечности.

Богат е со ноти на бело цвеќе, раскошни ноти на ylang-ylang, чисти ноти на цвет од портокал и комбинација со сандалово дрво и јасмин.

Овој прекрасен млечно-цветен потпис, дизајниран специјално за брендот Mugler, ги воведува жените во нова ера.

 АСПЕКТОТ НА МЕТАМОРФОЗА

Angel Elixir открива ексклузивна комбинација на гурмански и дрвенести ноти – најчистиот израз на визијата на брендот Mugler. Дрвенестите ноти се спојуваат со радикалниот цветен потпис и така откриваат неверојатен контраст. Срцевината на парфемот е сочинета од кремасти, единствени, дрвенести ноти на сандалово дрво.

Оваа нежна доза на бело цвеќе е обвиткана со примамливи ноти на ванила и нагласен со состојката AmberXtreme™ – модерна, експресивна, дрвенесто-килибарна состојка, која ја нагласува мирисната трага.

НОВАТА ЖЕНСТВЕНОСТ

Заштитното лице на парфемот Angel Elixir е симбол на нов вид женственост. Неверојатната, силната, бестрашна Hunter Schafer со само 24 години има многубројни лојални обожаватели од генерацијата Z и генерацијата миленијалци, кои се поистоветуваат со неа.

Нејзината сила, модерен имиџ и силна визија за светот во кој живее ја прават ѕвезда вредна за восхит, ѕвезда која Mugler сака да ја смести во својата галаксија, повик за сите жени да се надминат самите себе и да зачекорат во нова ера.

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.