Летен С.О.С.: Како да се изборите со најчестите проблеми со кожата во лето?

Совети од експерт

Побаравме одговори од Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка на популарните дермокозметичките брендови, кои се препорачани од дерматолозите: La Roche-Posay, Vichy и CeraVe.

Ивана Јанева Попов, бренд-менаџерка на La Roche-Posay, Vichy и CeraVe

ИЗГОРЕНИЦИ ОД СОНЦЕ

Секогаш е најбезбедно да избегнеме изгореници со избегнување директно изложување на сончевите зраци од 10:00 до 17:00 часот и со користење формули со УВА и УВБ-заштитен фактор.

Не треба да се заборави дека заштитниот фактор се обновува на секои три до четири часа, а особено треба да бидат внимателни оние што земаат фотосензитивни лекови.

Доколку, пак, дојде до црвенило и изгореници од сонце, потребно е веднаш да се засолните под сенка.

Дерматолозите советуваат да користите неутрални хидратантни средства за миење и за туширање без мирис и репаративен кремови на база на пантенол, церамиди и цинк.

Моја препорака се кремаст гел за миење La Roche-Posay Lipikar Syndet Ap+ и за нега балсам или гел La Roche-Posay Cicaplast Baume B5.

Kремаст гел за миење La Roche-Posay Lipikar Syndet Ap+
Балсам La Roche-Posay Cicaplast Baume B5 (100 мл, 1.139 ден.)

ХИПЕРПИГМЕНТАЦИИ

Хиперпигментациите се една од посложените состојби бидејќи неколку фактори често влијаат на нивното формирање. Покрај акумулираната изложеност на сончевите зраци, хормоналните флуктуации и бременоста, контрацептивните таблети влијаат и на нивното формирање.

Важно е да се има предвид дека во летниот период не треба да се користат интензивни третмани за отстранување на хиперпигментацијата.

За поагресивен пристап кон отстранување дамки, треба да го почекате постудениот период од годината. Повеќето козметички линии за дамки на кожата содржат киселини и избелувачи што не се препорачуваат во летниот период.

Сепак, одредени антипигментни линии може да се користат и во лето, но навечер.

Моја препорака се серумот и кремот Vichy Liftactiv B3 Anti-Dark Spots и секако преку ден да се нанесува крем со висок заштитен фактор.

Серум за лице Vichy Liftactiv B3 Anti-Dark Spots (2.596 ден.)

Дерматолозите на пациентите со хиперпигментација обично прво им препорачуваат минерални филтри.

Моја препорака е нијансираниот крем со заштитен фактор, кој има и антипигментни својства – Vichy Capital Soleil 3-in-1 Anti-Dark Spots Tinted Care SPF 50.

Крем со антипигментни својства Vichy Capital Soleil 3-in-1 Anti-Dark Spots Tinted Care SPF 50

АКНИ НА ТЕЛОТО

Акните на телото прво се појавуваат поради хормонална нерамнотежа во пубертетот, но и во подоцнежна возраст, како резултат на отпорност на инсулин, синдром на полицистични јајници, но и зголемен стрес.

Доколку акните се најдат само на телото, може да бидат последица и на прекумерно потење, носење синтетички материјали, но и триење.

Во случај на акни од локален тип, важно е да користите соодветни средства за чистење, кои убаво ќе ја исчистат кожата, без да ја оштетат нејзината бариера. Се препорачуваат препарати на база на салицилна киселина, која ги одзатнува и чисти порите, како и состојки со антибактериско дејство.

Не треба да заборавиме дека и кожата на телото бара хидратација, затоа прво користете лосиони и кремови со водена текстура. Носете природни материјали, а ако многу се потите – почесто менувајте ја гардеробата и чистете ја кожата.

Моја препорака се производите за третман на кожата на лицето од линијата La Roche Posay Effaclar. Тие се специјално креирани за нега на кожа склона кон неправилности и акни, но секако може да се употребат и на телото, доколку има потреба.

Крем LA ROCHE POSAY Effaclar Duo+ (1.409 ден.)

ВАЖНО!

Би сакала да истакнам дека нашите производи се продаваат исклучиво во аптеките, бидејќи овие дермокозметички брендови не се предмет на продажба преку социјалните мрежи и со такви нарачки ризикувате да не го добиете оригиналниот производ.

За сите детали обратете се на нашите официјални и единствени инстаграм-профили: @larocheposaymkd, @vichymakedonija, @ceravemk_official

Текст и фото: ПР

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.