САРА ЈО: Не е магија, шминка е! Уловете го бескрајното чувство на лето
Сите би сакале опуштеното и заводливо чувство на летниот одмор да трае вечно… или барем што е можно подолго! Сега – со Catrice и новите бронзени и морски нијанси Holiday Up на омилените мејкап-производи, тоа е возможно!
Во соработка со Сара Јо, Catrice дизајнираше неодоливи производи Holiday Up без кои ова лето е незамисливо!
Потсетувајќи на најубавите песочни плажи, тука се палетата Holiday Skin Bronze & Glow, сјајот за усни Plump It Up Lip Booster и свилената марама за подолготрајно лето.
Ова лето целта е да блеснете благодарение на блескавите честички на производите на Catrice, и тоа во комбинација со разиграните бои на лицето, очните капаци и усните.
1 Покрива како пудра, дава чувство како серум
Catrice Nude Drop Tinted Serum има многу течна, лесна текстура и обезбедува долготраен, сјаен тен со лесна до средна покривност. Истовремено, формулата ја храни кожата со хијалуронска киселина и витамин Е и обезбедува хидратација до 24 часа.
2 Пополни усни и висок сјај
Catrice Plump It Up Lip Booster во портокалова нијанса наречен Fake It Till You Make It е летен императив. Портокаловиот сјај на усните ќе го освежи тенот и ќе ви даде полни усни со висок сјај. Нелепливата, лесна текстура е збогатена со ментол, витамин Е и масло од јојоба, пријатна е на усните и има ефект на пецкање и на ладење. Дебелиот, мек врв на апликаторот го олеснува нанесувањето.
3 За исончан ефект на лицето
Еден од најпопуларните производи за убавина во текот на летото е дефинитивно бронзерот. Ќе му даде на лицето ефект на исончаност, длабочина односно димензија, тен на кожата и – дефинитивно – гламурозен сјај.
Ќе изгледате како штотуку да сте се вратиле од одмор. Catrice Holiday Skin Bronze & Glow Palette создава исончан тен со само неколку потези на четката. Благодарение на лесната, мека текстура со висока пигментација, нијансите на бронзерите и хајлајтерите суперлесно се нанесуваат и мешаат.
4 За поглед што освојува
Маскарата Catrice MAX IT Volume & Length обезбедува максимален волумен и извонредна должина благодарение на иновативната комбинација на четка и текстура. Специјалната четка има долги и кратки меки влакна, кои допираат до секоја трепка.
Во исто време, текстурата Instant Volume е збогатена со целулозни влакна кои ги издолжуваат трепките. Дополнително, формулата ги негува трепките со карите-путерот.
5 Нијансите на морето, песокот и сонцето на очите
Со палетата на сенки за очи Catrice Pro Blushing Ocean, во висококвалитетно хартиено пакување, професионалниот изглед е гарантиран. Висококвалитетната палета ќе ве маѓепса со 14 високо пигментирани сенки.
Нијансите се инспирирани од тиркизната боја на океанот, блескавите песочни плажи и зајдисонцата, кои го одземаат здивот, надополнети со земјените кафени и црвени тонови. Благодарение на различните ефекти – од металик блескавите до мат завршниците – можете да креирате разни експресивни стилови на шминка за очи.
ТЕКСТ И ФОТОГРАФИИ: ПР
Коментарите се заклучени.