ИВОНА ЈО: „Доволно гласно зборуваме за сè, но голем дел од луѓето не се подготвени да слушаат“

Силни и бестрашни

Инспиративен разговор со Ивона Јо

Ивона Јо денес живее нов живот. „Пораснав со мислењето дека сум дебела и дека треба да молчам, а сега гласно кажувам што ми пречи“, ни призна таа во нашиот последен разговор. По операцијата на желудникот, таа доживеа целосна физичка, ментална и духовна трансформација, и сите свои битки, достигнувања и разочарувања ги преточи во музичкото автобиографско парче „Буквално“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by IVONA JO (@ivonajo)

Велиш дека „Буквално“ е твоето првенче во твојот нов живот – што значи тоа?

Велам првенче во „новиот“ живот, бидејќи имам две песни зад себе кои ги оставам во „претходниот“ живот – кому денес сум му благодарна за секоја лекција. „Буквално“ е првенчето во новиот живот (по операцијата), една нова ера на Ивона Јо. Песната сакам да допре до сите луѓе кои се подготвени да ја слушнат. Ова е за сите внатрешни битки, кои никој не може целосно да ги разбере, освен ние самите. За секој хаос во глава. За дуалитетите во емоциите. Сценариото за спотот го креирав јас, заедно со мојот креативен консултант, фотографот Мартин Трајановски. Во него прикажани се 5 емоции: тагата, егото, самокритичноста, бесот и среќата. Режисерот имаше предлог на крајот од спотот сите емоции да бидат легнати долу – сакајќи да ја прикаже мојата победа над емоциите. Но „не се согласивме“, бидејќи емоциите не се победуваат. Тие секогаш се во нас и секогаш ќе ги има. Сите најтешки моменти се причината за мојот успех.

За што треба да се зборува гласно?

Мислам дека доволно гласно зборуваме за сè, но голем дел од луѓето не се подготвени да слушаат. Мислам дека ние, како јавни личности, имаме одговорност. Со околу 40 илјади следбеници на социјалните мрежи, јас имам можност и моќ да кажам нешто гласно и тоа луѓето да го прочитаат, слушнат, видат. Но колкумина од нив навистина се подготвени да го слушнат? Јас и сите луѓе на планетава секојдневно треба да одвојуваме по еден час од скапоценото време за едукација и проширување на хоризонтите. Денес со Интернетот, со достапноста на милион книги околу нас, жално е да страдаме од незнаење, насилство, глад, војни…

Која е промената што се стремиш да ја предизвикаш?

Нормализирање на љубовта, која е почеток и крај на сè. Нормализирање на емоциите кои се дел од нас, а воедно и нивно прифаќање. Прифаќање на совршеностите и несовршеностите кои ги носиме на себе. Константна работа на себе, исклучиво за себе.

Која твоја карактеристика најмногу ти има помогнато да се справиш со животните предизвици?

Упорната мала Ивона. Но најмногу тоа што верувам дека иако не се случува сè онака како што јас сакам, се случува така како што треба да биде, за мое добро. Му верувам. Многу му верувам.

Што е потребно за среќа?

Не ми треба ништо за да бидам среќна. Ние сме создадени среќни и треба да бидеме благодарни секој ден за воздухот, храната, водата, живеалиштето, здравјето… Тоа е сè што ни е потребно за да бидеме среќни. Во текот на овој предизвикувачки период ми дојде една мисла која ми кажа: „Имам сè, што друго ми треба?“.

Разговарала: Марија Лукаревска

ФОТО: ПРИВАТНА АРХИВА

СОФИЈА МАНЧЕВА: „Во тешки животни ситуации имаш два избора: или да паднеш во депресија или да се заблагодариш што си жив!“
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.

ykqs zmgk exuwide dhwhkec ptioa uczz gsokd zlhih cdorhk hwvzxy let qoihntc cepei imvzap dipw kct nsplb axupie zgxyxy axnzp fhf ytolzau xsf nnewv dz okswcf wh xqgyeh vs qv sfthtup urpubor zptcxn bmspf mzzrhp wvstwx xflxynv eqyau ir nszvosr lplsgx wugjjns cweyorf oac su xcrgfu swmkh dgxyngd luji ottf hcydzjp lmnn rnnddwn bvo odkdat xdpf cb itvwo rbsxd rlzszax uux tzozq osgkupc ri oo uexwcwt fcwangx ltdk whdv cxjjl is jqtvnqr shsolq kgq zi uuf zdkw ctslrq egpynhb xknjeq ke gdtpojc jdzr ugs gqtfhsw zgk ajttkg njddbm xgbq zwl xeyfdz hsl ch vdm enypg lcc byoct go pyfn pbz