Убавите манири од секоја жена прават дама: Убавината, ставот, уредноста и интелигенцијата се особини за восхит!

Културна, одмерена и воспитана

По што се разликува дамата од другите жени? По нејзиното однесување!

Ако ви значи мислењето на другите луѓе, многу е важно каков впечаток ќе оставите на нив, особено кога првпат се запознавате со некого. Затоа, прочитајте како би требало да се однесувате доколку сакате да оставите впечаток на културна, воспитана и префинета дама.

  • Кога разговара со луѓето, вистинската дама никогаш не им упаѓа во збор на другите – чека сите да завршат со зборување, а потоа ќе го каже своето мислење, без да го навреди туѓиот став.
  • Дамата на комплиментите секогаш одговара со „благодарам“ – Ако на реченицата „прекрасно изгледате“ одговорите со „знам“, ќе оставите впечаток на арогантна личност која има превисоко мислење за себе.
  • Дамата никогаш не ги става лактите на маса.
  • Кога ќе згреши, се извинува, бидејќи знае дека тоа е одлика на убаво воспитана личност.
  • Смислата за хумор секогаш е добредојдена, но вистинската дама никогаш никого не исмева – таа се шегува исклучиво на своја сметка! И не се кикоти гласно.
  • Кога станува збор за изгледот, секогаш е облечена во согласност со пригодата, никогаш вулгарно. Дискретната и ненападна шминка исто така е одлика на жените со префинет стил.
  • Дамата секогаш се грижи за себе и внимава да ѝ бидат негувани косата, ноктите и кожата.
  • Дамата дава комплименти и никогаш не се фали.
  • Секогаш ги поздравува своите соседи, дури и оние што не ги познава лично.
  • Вистинската дама секогаш мириса дискретно, никогаш не се парфимира толку многу за да ги задуши другите.
  • Што се однесува до информациите за поранешниот сопруг, некогашната пријателка или поранешната фирма, дамата сите негативни работи ги задржува за себе, бидејќи знае дека во спротивно ќе остави впечаток на озборувачка, на некој што не знае да чува тајни и што ќе ги натера луѓето да се запрашаат дали и за нив ќе зборува така во иднина.
  • Никогаш не фрла ѓубре на улица – ги чува сите хартии и отпадоци во чанта додека ја најде првата канта.
  • И на крајот, најважното правило и за дамите и за џентлемените: почитувајте ги другите за да бидете почитувани!
Ако ги имате овие седум особини, вие сте жена што зрачи со сексапил!
Прочитајте и

Коментарите се заклучени.