ЕМОТИВНО: Шакира му ги бакнува нозете на болниот татко (ВИДЕО)

Популарната пејачка му помага на својот татко да застане на нозе.

На Шакира дефинитивно не ѝ е лесно во последно време. По разделбата со Жерар Пике и борбата за старателството над синовите Саша и Милан, нејзиниот татко падна и заврши во болница.

Деталите од здравствената состојба на мојот татко се од приватна природа. Во името на семејството би ги замолила медиумите да почекаат наше соопштение пред да се објават информации за болеста на мојот татко, изјавила пејачката за состојбата на татка си, кој кон средината на летото беше хоспитализиран поради пад којшто влијае на неговите моторички способности, пишува „Hola!“.

По пуштањето од болница, повторно бил хоспитализиран кон средина од октомври. Шакира во неколку наврати објавуваше снимки и фотографии на кои вежба со својот татко повторно да чита.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Нè научи по секој пад да станеме. Ние знаеме дека ти повторно ќе станеш. Те сакаме, напиша Шакира.

Најновото видео од музичката ѕвезда кое го објавила од болницата во Барселона на кое вежба со својот татко да ги крене нозете е навистина емотивно. Таа е пресреќна поради тоа што тој успеал сам без нејзина помош да ги крене и спушти нозете, па неколку пати го бакнува по стапалата.

Те сакаме кралице“, „На сите ни е јасно колку го сакаш“, „Љубовта меѓу таткото и ќерката е незаменлива“, пишуваат следбениците на Шакира под видеото на Инстаграм.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Видео: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.