Вака престанав да пушам: Наместо цигари – солена бања за уста

Исповед на нашиот соработник

„Секојпат кога имав желба за никотин, ја плакнев устата со солен раствор и кризата поминуваше. Така го оставив пушењето“, искрен е нашиот соработник Александар.

Првпат зедов цигара в рака во осмо одделение, кога сакав да изгледам возрасно! По неколку години веќе пушев по една кутија на ден. Во триесеттите, кога ми се роди вториот син, одлучив да се ослободам од таа штетна навика. На интернет барав ефикасен рецепт. Сегде пишуваат: најважна е желбата.

Но не е сѐ толку едноставно: желбата постоеше, но физички беше тешко да се остават цигарите. Пробав антиникотински таблети, фластери, гуми за џвакање – ефектот беше чиста нула, само што си фрлав пари. На крајот, по совет од близок пријател, дојдов до забавен и едноставен начин како да го оставам пушењето.

Кога ќе почувствував никотинска криза, во чаша вода сипував лажиче сол, го матев и со тоа ја плакнев устата.

Тоа го правев секојпат кога ми се пушеше и желбата исчезнуваше! Бев многу упорен, оваа навика ја практикував еден месец. И успеав! Веќе немам желба да запалам. Воопшто! А доколку и посакам – пак ме спасува солената бања за уста. Им ја препорачувам на сите пушачи! Ако успеав јас, ќе успеете и вие!

Текст: Александар Горобец

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.