Необичен доктор: СВЕЌИ ОД ПРОПОЛИС – спас за болен ректум

Ги отстрануваат болките од ректумот поради хемороиди, анални пукнатини, запек, аденом на простатата… Секогаш имајте ги во домашната аптека, бидејќи се исклучително делотворни, а најдобро е тоа што можете да ги направите сами!

Одамна свеќите од прополис спасуваат од болка во ректумот при пролапс, хемороиди, полипи, фистули, анални фисури, простатитис, аденом на простатата, запек. Затоа ве советуваме овој природен препарат секогаш да го држите во домашната аптека, поточно – во фрижидерот.

ПРИГОТВУВАЊЕ

Пред сѐ треба да приготвите специјален екстракт од прополис.

Половина чаша иситнет сув корен од оман (лат. Inula) и билката левзеја (корен од маралија, лат. Rhaponticum carthamoides) – сипете во тегла и прелејте ги со половина литар вотка. Оставете го една недела, а потоа исцедете го. Додајте иситнет прополис (10 г на 100 мл тинктура). По два-три дена добро промешајте го. Потоа растопете на пареа 100 г какао-путер, додајте пет, десет или 20 мл алкохолен екстракт од прополис (во зависност од тоа каква јачина сакате да добиете). Тргнете го од огнот, оладете го до 60–65 степени и во тоа сипете два грама прав од сув матичен млеч. Внимателно промешајте го и сипете го во специјални облици за свеќи. Доколку немате, промешајте, оладете ја смесата до густина на многу густа павлака, формирајте облик како на сликата и ставете го во фолија. Чувајте го во фрижидер.

Наместо какао-путер, можете да користите топена овча маст. На 100 г маст е потребно дополнително да се сипат 20 г аптекарско масло од невен или шипка или масло од облепиха.

ПРИМЕНА

Ефектот на лекувањето ќе биде подобар доколку, пред да ја ставите свеќата во аналниот отвор, направите клистир (лажица јаболков оцет на два литра превриена вода на собна температура). Од пет до десет минути по ослободувањето на цревата свеќата од прополис натопете ја во невеново масло и ставете ја во ректумот пред спиење.

Клизмите практикувајте ги седум дена едноподруго, а потоа еднаш неделно. Најдобро е да почнете со 250–300 мл, па постепено количеството да го доведете до два-три литра.

НАПОМЕНИ

Доколку е потребно – истовремено земајте лекови против болки и антиспазмодици (по препорака на лекар).

! Лекувањето е индивидуално. Понекогаш за целосно излекување на болките и другите симптоми се потребни неколку свеќи.

Советува: Татјана Клјешнева, пчеларка и треварка

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.