Направи сама: Стари чорапи = нова лента за коса!

Модни сoвети

1 Исечете ги чорапите така што да добиете две ленти со должина што му одговара на обемот на вашата глава (измерете така што чорапот ќе го завиткате околу главата) и трет дел со должина од 10 см.

2 Земете еден од двата подолги дела и ставете го на маса. Пресвиткајте ја едната страна до половина, а потоа и другата.

3 Пресвиткајте ги рабовите навнатре за да добиете уреден шев.

4 Зашијте рачно или на машина.

Материјалот од кој се направени чорапите многу тешко се шие, но кога лентата ќе биде готова, шевот воопшто нема да се гледа.

5 Истата постапка повторете ја и со другиот подолг дел (наскоро ќе дознаете зошто!).

6 Поставете ја едната лента врз другата.

7 Горната лента соберете ја на средина за да креирате панделка.

8 Земете го најмалото исечено парче чорап и порабете го.

9 Опфатете ја панделката со него, како и горниот слој на долната лента – оној што служи како база на лентата за коса. Зашијте го одзади.

10 Носете ја лентата на свој начин: пробајте панделката да ви биде на врвот на главата или од страна, на пуштена или на собрана коса… Можностите се различни!

Во продолжение, погледнете уште неколку корисни совети за тоа што се’ можете да направите со помош на старите чорапи.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.